URIMIL GEL 50ml

652 ден

Availability: Нема на залиха

URIMIL GEL / УРИМИЛ ГЕЛ при невропатии, артритични и трауматски болки 50 мл

Availability: Нема на залиха
Категорија:
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

Уримил гел е НОВ производ од брендот Уримил, препорачан од специjалисти наменет за хронична болка. Претставува локално средство со пет активни состоjки наменети за:

  • намалување на воспалението
  • олеснување на болката
  • обновување на функцијата на периферните нерви

Може да се употребува во широк спектар на невромускулни нарушувања, како што се:

  • болки во грбот и половината
  • болка и парестезија во екстремитетите
  • ревматоиден артритис
  • трауми на нервите и мускулатурата
  • болка предизвикана од артритични промени во зглобовите
  • мускулна болка

По нанесувањето, започнува да дејствува веднаш и директно на местото на апликација, имајќи ефект на пријатно затоплување. Не остава мрсни дамки.

Состав:

  • Уридин монофосфат (UMP)
  • Екстракт од арника (Arnica Montana)
  • Екстракт од Ѓаволска канџа (Harpagophytum Procumbens)
  • Метилсулфонилметан (MSM)
  • Магнезиум (магнезиум хлорид)

Уридин монофосфат (UMP). Локално нанесен, уридин се апсорбира преку кожата, што доведува до обновување на структурата и функцијата на нервите (Хартингер и др., 2012). Уридин е вклучен во синтезата на РНК, протеините и фосфолипидите, кои се клучни за градба на клеточните мембрани и особено на мембраните на нервните клетки. Стимулира репродукција на нервните клетки и формирање на нови гранки на нервите (Manhães et al., 2017). Фармаколошките студии покажуваат дека уридинот го забрзува и поддржува невромускулното закрепнување и го потиснува спроведувањето на болката во ‘рбетниот мозок.

Арника (Arnica montana) е растение од семејството Сончоглед, кое расте главно во Сибир, Централна Европа, Канада и Јужна Америка. Главните активни состојки во екстрактот од арника се т.н. сесквитерпенски лактони. Меѓу нив, најважниот е веројатно хеленалин, кој има антиинфламаторно дејство (Lyss et al., 1998), ефект на ладење и делува аналгетски. Локално применет екстрактот од арника се употребува за лекување на остеоартритис, ревматоиден артритис, смирување на болки во мускулите, заздравување на модринки, дисторзии и рани.

Ѓаволска канџа (Harpagophytum procumbens) е повеќегодишно растение кое може да се најде само во Јужна Африка, и токму затоа се нарекува и  Африкански гераниум. Активните состојки содржани во неговиот екстракт имаат силно изразен антиинфламаторен и аналгетски ефект, а неговата локална примена доведува до подобрена подвижност и квалитет на живот кај пациенти со остеоартритис, ревматоиден артритис, тендинитис и болки во грбот и половината. (Wegener, 2000; Denner, 2007).

Метилсулфонилметан (МСМ) е органско соединение на сулфур, и претставува природен извор на сулфур за организмот. МСМ има голем капацитет да поминува низ клеточните мембрани и со тоа има влијание врз разни клетки и ткива. Применет локално, ја измазнува и омекнува кожата, ја зголемува енергијата, циркулацијата и го забрзува метаболизмот и заздравувањето на раните. Има антиоксидативни и антиинфламаторни ефекти (Butawan et al., 2017), кои играат клучна улога кај пациентите со остеоартритис. МСМ е ефикасен кај болка во мускулите после вежбање поради снабдувањето со сулфур на сврзното ткиво и спречување на локално воспаление како резултат на микротраума.

Магнезиум (Mg) ја релаксира мускулатурата и ја намалува болката блокирајќи ги NMDA рецепторите во нервните клетки. Применет на локално ниво, тоj поминува низ кожата и го зголемува нивото на магнезиум во организмот, а овие нивоа се во зависност од концентрацијата на применетата количина и времето на изложеност (Kass et al., 2017; Chandrasekaran et al., 2016). Тој е кофактор во над 300 ензимски реакции во организмот и е важен за контракција на мускулатурата, за нервната сигнализација и невромускулната спроводливост. Тоа е причината зошто магнезиумот е важен во третманот на болести на периферниот нервен систем и локомоторниот апарат, бидејќи значително ги олеснува симптомите како што се болка, пецкање и вкочанетост. (Na et. al., 2011).

Начин на апликација:

Втрлајте го Уримил гел – со нежни масажни движења на погодената регија додека целосно не се апсорбира во кожата. Нанесете го на чиста кожа и за максимален ефект немојте да ја навлажнувате областа најмалку 3 часа по нанесувањето. Брзината на делувањето може да варира од личност до личност. Нанесете од гелот два пати на ден.

Пакување: 50 мл

Контраиндикации: Да не се употребува за време на бременост и доење, да не се голта, не го нанесувајте на отворени рани и лигавици, како и во случај на алергија кон некоја од состојките.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “URIMIL GEL 50ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *