Употреба на апаратот TeraDoc
Кога работи апаратот ќе почувствувате топол воздух (како насочена топлина). Основниот ефект на TeraDoc се должи на генерираните терахерцови бранови. Можете да го прилагодите нивото на моќност со помош на прекинувачот кој што се наоѓа на апаратот.
Дејството при надворешни проблеми (или надворешна проекција на проблемот) е со насочување директно на проблематичните зони (болка, рани), додека при внатрешни заболувања се делува преку фокусирање врз специфични анатомски или акупунктурни точки и зони.
Исклучително е важно пред почетокот и по завршувањето со работата со апаратот да испиете барем 1-2 чаши вода на собна температура (никако ладна), која што се препорачува да биде обработена со апаратот.
Кога дејствувате со апаратот врз дадена зона на телото ќе почувствувате греење – држете го апаратот на растојание и користете моќност, која што не ви создава нелагодност. Употребувајте го апаратот со кружни движења.
При неопходност од дејствување врз зони на телото, каде што сами не можете да дофатите (на пример грбот, крстот и др.) потребно е некој да ви помогне.
Општа процедура за брзо влијание
- Испијте 1-2 чаши вода на собна температура (никако ладна), се препорачува да биде обработена со апаратот(1)*.
- Делувајте 2-3 мин. со кружни движења врз дланките и стапалата(2).
- Делувајте врз онаа зона на телото, каде што имате болка или нелагодност, се препорачува тоа да го правите со бавни кружни движења (3).
- Држете го апаратот на растојание каде што ви е пријатно на кожата.
- Фокусирајте се врз одбраната област околу 15 – 20 минути (Глава, Рамо, Лакт, Крст, Колено, Нозе, Мускулни болки или други зони со надворешна манифестација на болката или нелагодност)
- За најдобар ефект употребувајте го апаратот 10-15 дена.
- После 5-7 дена процедурата може да се повтори.
- Не го употребувајте апаратот врз едни исти точки (зони) повеќе од 2 пати дневно.
- На крај од секоја процедура испијте 1-2 чаши вода на собна температура(4).
Повеќето различни намени и процедури се опишани во упатството за употреба на TeraDoc!!!
Важни предупредувања за употреба на апаратот TeraDoc:
- Не го употребувајте апаратот доколку имате импланти(бајпас, стентови, протези, силиконски импланти) во пределот на имплантите!
- Не го употребувајте апаратот за време на бременост и при менструален циклус!
- Не го употребувајте апаратот при отворена рана или крварење!
- Не го употребувајте апаратот при епилепсија и психички заболувања! Не го употребувајте апаратот доколку имате заболувања поврзани или кај кои што има ризик од хеморагии и крварење!
- Не го употребувајте апаратот при тешки кардиоваскуларни заболувања, дисфункции на бубрезите или црниот дроб и онколошки заболувања!
- Не го употребувајте апаратот при акутни воспалителни состојби и заразни болести!
- Не го употребувајте апаратот на мали деца!
- Употребувајте го апаратот со особена претпазливост при хипертензивна криза и тежок дијабетес!
- При употреба на апаратот не го изложувајте телото на нагли температурни промени!
- Не го употребувајте апаратот повеќе од 2 часа на ден. Не употребувајте ладна храна и пијалоци 2-3 часа после употреба на апаратот! За да ја обработите водата со апаратот, потребно е водата да е на собна температура во стаклена чаша и да го поставите апаратот на растојание од околу 10 cm чашата. Не се туширајте во рок од 2-3 часа после употреба на апаратот!










Овој производ нема коментари.