ОПИС
За што е наменет MaxMedica Збогум Килограми?
Овој препарат помага при намалување на телесната тежина на здрав и ефикасен начин.
Збогум Килограми е препарат кој го забрзува метаболизмот и со тоа ја зголемува потрошувачката на масти, што доведува до слабеење. Овој диетален производ е идеален за секој што сака да го изгуби вишокот килограми бидеќи ја враќа и ја одржува телесната тежина во нормала.
Она што го издвојува од другите производи од овој тип е фактот дека капсулите Збогум Килограми може да се конзумираат подолг период без да се прават паузи, а должината на терапијата треба да трае најмалку еден месец (две кутии).
Намалувањето на килограми од досегашното искуство е од 1 до 5kg месечно, и тоа зависи од тежината на лицето (поголема тежина го прави полесно слабеењето првично), а од голема важност е и физичката активност и редовната и балансирана исхрана.
Пакување: 30 капсули
Што содржат капсулите Збогум Килограми, што доведува до слабеење?
Екстракт од сув лист од артичока, екстракт од сув лист од зелен чај и семе од анасон, како и екстракт од сув лист од бреза, кора од каскара и лист од сена, стандардизирани за да се искористат максимално нивните придобивки. Овие состојки се внимателно избрани за во комбинација со правилна исхрана и редовна физичка активност да се примени контролира на телесната тежина.
Кората од каскара и листот од сена делуваат како лаксативи, листот од бреза е природен диуретик, додека листот од зелен чај има докажано антиоксидативно дејство. Од друга страна, анасонот е состојка која има корисен ефект врз цревната перисталтика како целина. Листот од артичока го намалува нивото на триглицериди и холестерол во крвта, но делува и како антиоксиданс, антисептик и диуретик.
Збогум Килограми е препарат што помага во регулирање на телесната тежина и го елиминира вишокот течност, но пред сè штетните состојки, слободните радикали и со тоа го детоксицира организмот.
Примена и употреба
Се препорачува примена на капсулите Збогум Килограми за:
Намалување на телесната тежина
Елиминација на вишок течност од производите од метаболизмот
Олеснето варење и празнење на цревата
Елиминација на штетни, слободни радикали од организмот (детоксикација)
Намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта
Препорачана употреба е 1-2 капсули дневно, со многу вода.
Нутритивни вредности
Активни состојки 1 капсула
Екстракт од сув лист од артичока
(Cynara scolymus) 4:1 125mg
Екстракт од сув лист од зелен чај
(Camellia sinensis) стандардизиран на 40% полифенол 75mg
Екстракт од семе од анасон
(Foeniculum vulgare) 4:1 50mg
Екстракт од сув лист од бреза
(Betula pendula) 10:1 50mg
Екстракт од кора од каскара
(Rhamnus frangula) 4:1 20mg
Екстракт од лист од сена
(Cassia senna) стандардизиран на 5,5% сенозид Б 20mg
Состав
Екстракт од сув лист од артичока (Cynara scolymus) 4:1; eкстракт од сув лист од зелен чај (Camellia sinensis) стандардизиран на 40% полифенол; eкстракт од семе од анасон (Foeniculum vulgare) 4:1; eкстракт од сув лист од бреза (Betula pendula) 10:1; eкстракт од кора од каскара (Rhamnus frangula) 4:1; eкстракт од лист од сена (Cassia senna) стандардизиран на 5,5% сенозид Б; малтодекстрин; средства против згрутчување (магнезиум стеарат и силициум диоксид), капсула (желатин, пречистена вода, боја – титан диоксид).
Овој производ нема коментари.