Бројни клинички студии кај жени кои земаат екстракт од Витекс имаат воспоставено значителни подобрувања на неразположенијата поврзани со ПМС:
– Раздразливост, честа промена на расположението, емоционални напади;
– Зголемена чувствителност во градите;
– Замор и проблеми со спиењето, главоболка;
– Промена во апетитот,непријатност во желудникот , стомачни болести или моментални болки.
Состав: (на една таблета): 5 mg стандардизиран екстракт од Витекс / Agnus castus extract /; ексципиенси.
Дозирање: 1 таблета наутро пред јадење. За лица над 12 години.
Пакување: 60 филм-обложени таблети во пакување. Еден пакет е доволен за двомесечна терапија.
Предменструалните синдром ( ПМС) се состои од група симптоми поврзани со месечниот менструален циклус. Симптомите се појавуваат 1-2 недели пред почетокот на менструацијата и престануваат по почетокот на крварењето. Можна причина за ПМС е поголемиот чувствителност на некои жени на промените во нивоата на хормоните пред и за време на менструацијата .
Најчестите физички симптоми на ПМС се:
– Напнатост , зголемена осетливост и болки во градите ;
– Стомачен дискомфорт , запек или дијареа ;
– Главоболка ;
– Промена во апетитот ;
– Болки во мускулите и зглобовите ;
– Задржување на течности ;
– Надуеност или стомачни болки ;
– Проблеми со кожата.
Емоционалните симптоми на ПМС може да вклучуваат:
– Неоправдани промени во расположението ;
– Вознемиреност , депресија ;
– Напнатост , раздразливост ;
– Замор , проблеми со спиењето ;
– Проблеми со концентрацијата и меморијата ;
Здравиот начин на живот може да се справи со симптомите на ПМС , кога тој не е тешко изразен :
– Здрава исхрана – избегнување на големи количини сол , слатка храна , кофеин и алкохол , претежно 1-2 недели пред почетокот на циклусот ;
– Редовно вежбање , доволно спиење ;
– Совладајте го стресот , намалете ги цигарите ;
– Употреба на доволно витамини и минерали ;
– Употреба на додатоци во исхрана, за кои е утврдено дека влијаат благотворно врз симптомите на ПМС – ” Агнес ” со екстракт од Витекс ( Agnus castus ) .