КОЛПОФИКС Вагинален спреј гел

(0 оценки и коментари)

1,550 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Колпофикс® е иновативен производ во однос на формулацијата и начинот на употреба. Тоа е гел со тиксотропни карактеристики кој заради силата на механичка компресија преминува во течност кога се нанесува, и се претвора повторно во гел после аплицирањето. Ексклузивниот и ергономски облик на апликаторот овозможува директна униформна и ефикасна дистрибуција на мукоадхезивниот производ, длабоко на цервико-вагиналната мукоза, избегнувајќи протекување.

Колпофикс® содржи функционални супстанции: поликарбофил и карбоксиметил бета-глукан. Особено, Колпофикс® е ефикасен во следните индикации преку повеќе механизми на дејство:
– Формира филм кој ја заштитува цервико-вагиналната мукоза од штетното влијание на екстерни микробиолошки агенси, благодарение на еговиот биоадхезивен капацитет.
– Промовира реепителизација и регресија на цервикалните лезии, благодарение на контролирањето на физиолошките услови на цервико-вагиналната трансформирана зона
преку хидратација.
– Ја зачувува и одржува вагиналната микрофлора благодарение на регулирањето на рН и на пребиотскиот ефект.

Шифра: COLPOF10
Availability: instock
Бренд:Bionika
Сподели:

Индикации:

Превенција и третман на цервикални лезии предизвикани од хуман папиломавирус, благодарение на контролирањето на физиолошките услови на трансформираната зона
на цервико-вагиналната мукоза.

Состав:

Вода, сорбитол, карбоксиметил бета-глукан, вкрстено-поврзан акрилен полимер (поликарбофил), имидазолидинил уреа, натриум дехидроацетат.

Предупредувања:

Бојата на гелот може да се промени поради присуството на природни супстанции, оваа промена не влијае на квалитетот на производот. Производот е наменет за вагинална употреба. Да не се голта. Не го користете производот без препорака од вашиот лекар или фармацевт, во случај на потврдена или претпоставена бременост или истовремена употреба на локална фармаколошка терапија. Производот не е наменет за употреба кај деца. Чувајте го производот надвор од видик и дофат на деца.

Продолжената употреба на производот, како и кај сите топикални производи, може да доведе до зголемена појава на локална сензибилизација или иритација; во случај на ваква појава прекинете го третманот и консултирајте го вашиот лекар или фармацевт. Не го употребувајте производот доколку се оштетени пакувањето или апликаторот, или не е целосно интактен за време на првото отварање. Не го употребувајте роизводот по изминување на рокот за употреба. Употребувајте го производот во согласност со инструкциите за употреба. Апликаторот е за 1 употреба и не треба да се користи повторно.

Чување:

Чувајте го производот на суво место, заштитен од светлина и извори на топлина. Назначениот рок на употреба се однесува на неотворен и правилно чуван производ.

Начин на употреба:

Отстpанете ја заштитната ќесичка од вагиналниот апликатор. Отстpанете го заштитното капаче од спрејот, ставете го апликаторот на распрскувачот од спрејот. Започнете го
аплицирањето со притискање на копчето од диспензерот додека не се појави производот. Внесете го апликаторот длабоко во вагината лежејќи на грбот со свиткани колена.
Притиснете 5 пати за една апликација. Отстpанете го апликаторот после употреба. Затворете го спрејот со капачето.

Дозирање:

Се препорачува 1 апликација (5 прскања) на ден, во времетраење од 10 дена, навечер пред легнување.
По препорака од лекар третманот може да се повтори.
1 пакување е наменето за 10 дневна употреба.

Несакани ефекти:

Да не се користи во случај на хиперсензитивност или инкомпатибилност кон било која состојка на производот. Тестирањата изведени до денес не покажале било каква
сензибилизација или други несакани ефекти. Во случај на постојана непријатност, консултирајте се со лекар.

Пакување:

Кутија со 20 ml шише и 10 индивидуално спакувани апликатори за една употреба.
Не содржи парфем.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “КОЛПОФИКС Вагинален спреј гел”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.