CASENLAX / Касенлакс /
Лекот спаѓа во групата на лекови наречени осмотски лаксативи.
Активната супстанција на е макрогол (PEG = полиетилен гликол).
Лекот се користи за симптоматски третман на запек кај возрасни и деца постари од 8 години.
Употребата на овој лек треба да биде придружена со соодветни промени во начинот на живот и исхраната
Во случај на запек кај деца, терапијата со Casenlax не треба да трае подолго од 3 месеци.
Мора да се јавите кај вашиот лекар ако не се чувствувате подобро или ако се чувствувате полошо.
Casenlax се администрира орално.
Препорачаната доза е 1 до 2 кесички дневно, по можност да се администрира во една доза наутро.
По секоја доза, се препорачува да се земат 125 ml течност (на пр. вода).
Дневната доза треба да се прилагоди според клиничкиот одговор и се движи од една кесичка секој втор ден (особено кај деца) до максимум 2 кесички дневно.
Ефектот на Casenlax се јавува 24 до 48 часа по администрацијата.
Растворете ја содржината на кесичката во чаша вода (најмалку 125 mL) непосредно пред употреба и веднаш испијте ја течноста.
Подобрувањето на функцијата на цревата по земањето може да се одржува со здрав начин на живот и правилна исхрана.
Примена кај деца и адолесценти
Поради недостаток на клинички податоци за терапија подолга од 3 месеци, Casenlax не треба да се користи кај деца подолго од 3 месеци.
Терапијата треба постепено да се прекинува и да се продолжи доколку повторно се појави запек.
Ако сте земале повеќе отколку што треба
Предозирање со Casenlax може да доведе до дијареа, болки во стомакот и повраќање, кои исчезнуваат со привремено прекинување на терапијата или намалување на дозата. Доколку почувствувате тешка форма на дијареа или повраќање, треба да се јавите кај вашиот лекар што е можно поскоро, бидејќи можеби ќе ви треба дополнителна терапија за да спречите губење на сол (електролити) поради прекумерна загуба на течности.
Ако заборавите да земете Casenlax
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. Доколку имате дополнителни прашања во врска со употребата на овој лек, контактирајте со вашиот лекар или фармацевт.
Што содржи Casenlax. Активната супстанција е макрогол 4000. Една кесичка Casenlax содржи 10 g макрогол 4000.
Помошни супстанции се: натриум сахарин (Е954) и вкус на јаболко кој содржи: природен вкус, малтодекстрин, арапска гума (Е414), сулфур диоксид (Е220), алфа-токоферол (Е307).
Како изгледа Casenlax и содржината на пакувањето
Casenlax е бел до речиси бел прав со восочен или парафински изглед и мирис на јаболко.
Внатрешната амбалажа е кеса направена од полиетилен, алуминиум и полиестер (комплексен полиестер/алуминиум/полиетилен) која содржи вкупно 10,22 g прашок за перорален раствор. Надворешното пакување е картонска кутија која содржи 20 кесички и упатството за лекот
Овој производ нема коментари.