СОСТАВ
30 g CANNABO Hemor крем содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 150 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).
ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO HemorИ ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
CANNABO Hemor содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
CANNABO Hemor не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol), односно содржи во количина под 0,2%.
CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект.
CANNABO Hemor е крем за примена на кожата од аналната регија поради воспаление на хемороидите. CANNABO Hemor е богата формулација со внимателно избрани состојки наменети за нега на чувствителната кожа, како екстракт од семе на див костен, екстракт од лист на винова лоза, екстракт од цвет на арника, екстракт од цвет од невен, екстракт од цвет од кантарион и цинк оксид. Екстрактот од семето на див костен помага во намалување на нелагодноста поврзана со нарушување на венската циркулација и намалување на локалниот оток. Естрактот од листот на винова лоза помага во намалување на нелагодноста поврзана со нарушување на венската циркулација, намалување на печењето и чешањето при воспаление на хемориоидите. Eкстрактот од цветот на арника помага во намалување на локалниот оток и болка. Екстрактите од цветот на невен и од цветот на кантарион помагаат во ублажување на воспаленија на кожата и во заздравување на површинските рани. Цинк оксидот ја смирува иритираната кожа.
Благодарение на богатата содржина на внимателно селектираните билни екстракти, CANNABO Hemor кремот обезбедува внимателна нега и заштита на чувствителната кожа на аналната регија при воспаление на хемороидите.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO Hemor.ја ублажува болката, печењето и чешањето на кожата од аналната регија, го ублажува воспалението, го намалува отокот и ја подобрува венската циркулација.
Пред нанесувањето на кремот, кожата во аналната регија треба да биде измиена со млака вода.
Навртете го апликаторот на тубата, нежно внесето го апликаторот во анусот и истиснете мала содржина на кремот од тубата.
Се применува два до три пати дневно.
При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.
CANNABO Hemor е наменет само за надворешна употреба.
ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO Hemor не треба да се употребува при пречуствителност на која било состојка на кремот.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со туба со 30 g крем и Упатство за пациентот.
Овој производ нема коментари.