BOSNA Lynase nasal spray 30 ML.

334 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

  • LYNASE® хипертоничен спреј за нос збогатен со лизозим, се препорачува кај затнат нос кај секоја особа која е на возраст над 1 година.
  • LYNASE® хипертоничен спреј во контакт со слузницата во носот делува така што активно го извлекува вишокот на вода од мукозните мембрани, со што се намалува отокот во носната слузница. Освен тоа, LYNASE® хипертоничниот спреј го разредува густиот, леплив секрет во носот, ја чисти носната шуплина од прашина, загадување, алергени, микроорганизми.

LYNASE® хипертоничниот спреј е единствен спреј за нос кој е збогатен со лизозим – состојка од природно потекло, која се создава по природен пат во носниот секрет и претставува најважен фактор во природниот имунитет во носот.

  • Лизозимот во носната шуплина функционира така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на епителните ресички (цилии), кои помагаат во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет со што се олеснува дишењето
  • Лизозимот во носот делува антибактериски, антивирусно, антиалергиски, имуномодулаторно, противвоспалително, делува прорегенеративно, на начин што ја забрзува регенерацијата на оштетената носна слузница.

LYNASE® хипертоничниот спреј за нос се препорачува:

  • Кај затнат нос, каде постои отежнато дишење за време на настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синуситис или грип
  • Во случај кога класичните деконгестиви* се контраиндицирани (на пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест)
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивното користење

LYNASE® спрејот нема ограничување во должината на употреба, бидејќи, благодарение на составот од природно потекло, не создава зависност ниту предизвикува несакани дејства.

*Деконгестиви се лекови кои го намалуваат отокот на слузницата на носот, непроодноста на носот, како и нелагодното и обилно воденесто истекување на секрет.
Пакување: 30 мл

Availability: instock
Бренд:BOSNA
Сподели:

Начин на примена

Пред употреба на спреј LYNASE, се препорачува темелно да го измиете носот.

  • Отстранете го заштитното капаче(Слика 1).

  • Шишето со распрскувач треба да се држи со три прста. Показалецот и средниот прст се поставени на горната површина на работ на апликаторот за носот, додека палецот го држи дното на шишето. Држете го исправено шишето со распрскувач, притиснете надолу неколку пати за да ја активирате пумпата за прскање (слика 2).

  • Нежно турнете го врвот на апликаторот за носот во ноздрата и притиснете надолу 1 или 2 пати кратко и силно. Во моментот на прскање треба малку да вдишете низ носот и да издишете преку устата. Истата постапка треба да се повтори и во другата ноздра (слика 3).

  • По употребата, внимателно избришете го апликаторот за носот со чиста марамица. Заменете го заштитниот капак (слика 4).

Состав: прочистена вода, натриум хлорид, лизозим хлорид, пропиленгликол, натриум едетат, натриум хидроксид, метилпарахидроксибензоат, пропилпарахидрокси-бензоат.

Дозирање:

  • Возрасни и деца на возраст од 5 години и постари: 1 или 2 распрскувања во секоја носница, два до три пати на ден
  • Деца на возраст од 1 до 5 години: 1 распрскување во секоја носница, два до три пати на ден

Дали LYNASE® спреј за нос смее да се употребува во текот на бременоста и периодот на доење?
Нема достапни податоци кои би упатувал на тоа дека употребата на LYNASE спрејот за нос во текот на бременоста и периодот на доење би можел да има штетни последици.

  • Колку долго смее да се употебува LYNASE® спреј за нос?

Ако после 14 дена од неговата употреба не дојде до подобрување, треба да побарате совет од Вашиот лекар или фармацевт.

  • Кои се можните несакани дејства на LYNASE® спреј за нос?

LYNASE® спреј за нос не предизвикува несакани дејства како што се навикнување и повратен ефект.

Начин на чување: Да се чува на температура до 25 °C.

Да не се замрзнува.

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.