АРНИБОЛ АРНИКА ГЕЛ, 100ml

(0 оценки и коментари)

297 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Арнибол Арника (Arnibol Arnika) гел претставува комбинација од четири активни билни екстракти; цвет од планинска арника, корен од ѓаволска канџа, корен од гавез и кора од бела врба, кои традиционално се користат во третманот на мускулно – скелетните пореметувања.

Цветот од планинска арника (Arnika Montana), содржи бројни активни принципи кои имаат антимикробно, антифлогистичко, антиинфламаторно, аналгетично и антиревматско дејствување.

Коренот од ѓаволска канџа (Harpagophytum procumbens), содржи хетерозид харпагозид и актеозид кои имаат антиинфламаторно и благо аналгетично и антиревматско дејство.

Коренот од гавез (Symphytum officinale), содржи етерични масла, танин, слуз и ретката супстанција алантоин, која го стимулира растот и размножувањето на клетките и регенерацијата на ткивата, помага кај воспалението на тетивата и зглобовите, хематомите и отоците.

Коренот од бела врба (Salix alba), содржи флавоноиди, танини и фенолни гликозиди од кои најзначаен е салицинот кој има антиинфламаторно и аналгетично дејство.

Нема на залиха

Состав: Екстракт од цвет на арника, Екстракт од корен на ѓаволска канџа, Екстракт од корен на гавез и Екстракт од кора на бела врба.

Дејство:

Цветот на планинска арника (Arnika Montana), повеќегодишно растение познато меѓу народот како брденка, вепровец и волчји заб кое расте на планинските пасишта во Средна Европа со ладна и влажна клима над 1000 м надморска височина. Содржи бројни активни принципи на сесквитерпенски лактони, етерични масла, флавоноиди. Активните принципи, а пред сѐ сесквитерпенскиот лактон хеленалин имаат антимикробно, антифлогистично, антиинфламаторно, аналгетично и антиревматско дејство.

Коренот на ѓаволска канџа (Harpagophytum procumbens), растение од семејството на сусамот кое потекнува од Јужна Африка. За нејзината примена во Европа е заслужен германскиот доктор и ботаничар Ото Хајнрик Волк кој го открил нејзиното извонредно дејство во Намибија во текот на Втората Светска Војна. Името го добила по коренот што потсетува на канџа. Содржи хетерозид харпагозид и актеозид кои имаат антиинфламаторно и благо анелгетично дејство.

Коренот на гавезот (Symphytum officinale), плевел кај народот попознат како црн гавез, коњска опашка или воловски јазик. Расте на влажните ливади во Средна Европа. Ова растение има долга употреба во традиционалната медицина и помага кај скршеници на коските, израстоци на коските, оштетувања на пршлените, отвдлини од гихт, деформации на палецот (чукаљ), костоболки. Содржи етерични масла, танин, слузави материи и ретката супстанција алантоин, кој го стимулира растот и размножувањето на клетките и регенрацијата на ткивата, помага кај воспалување на тетивата и зглобовите, хематомите и отоците.

Кората од бела врба (Salix alba), листопадно дрво кое расте претежно во јужна и средна Европа но и во Северна Америка. Во традиционалната медицина се употребува кората од бела врба која содржи флавоноид, танин и фенолен гликозид од кои најзначаен е салицинот кој има антиинфламаторно и аналгетично дејство. Салицинот во 19 век од кората на белата врба  го изолирал францускиот хемичар Лерокс кој во современата медицина послужил како прототип за ацетилсалицилна киселина.

 Намена: Кај ревматските тежини, ревматскиот артритис, остеоартритис. Намалување на чувствата на болки во зглобовите и мускулите. Како помош кај вкочанетоста во зглобовите и мускулите. Кај спортските повреди, контузии, истегнувања и шинувања. Кај модриците и хематомите.

Дејство: Arnibol® Арника гелот претставува комбинација на четири билни екстракти: цвет од арника, корен од гавез, корен од ѓаволска канџа и кора од врба кои традиционално се користат во третман на мускулно скелетни пореметувања. Активните принципи кои потекнуваат од овие екстракти даваат противвоспалително и аналгетско дејство, поради што примената на Arnibol® Арника гелот се препорачува кај болки, воспаленија и вкочанетост во зглобовите и мускулите од различна етиологија (после истегнувања, исчашувања, контузии, кај присуство на ревматски болести) како и кај отоци, подливи и модрици.

Начин на употреба: Гелот се нанесува неколку пати дневно на болното место и со кружни движења се втрива се до потполно впивање. Arnibol® Арника гелот брзо продира во кожата, и не остава масни траги.

Напомена: Само за надворешна употреба. Да се избегнува контакт со очи, слузокожа или оштетена кожа. Доколку дојде до контакт, веднаш да се исплакне со вода. Не се препорачува за лица осетливи на некоја од состојките. Деца помали од 12 години, трудници и доилки можат да го користат производот по консултација со лекр или фармацевт.

Начин на чување: Да се чува на собна температура до 25ºC. Да се чува вон дофат на деца.

Рок на употреба: 3 години. Датумот на производство се содржи во серискиот број втиснат на дното на тубата.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “АРНИБОЛ АРНИКА ГЕЛ, 100ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.