Состав
100% морска вода од Јадранско море.
Благотворната морска вода од Јадранско море богата е со соли и олигоелементи. Олигоелементите присутни во растворот имаат важна улога во одржување на нормална функција на слузницата на носот што овозможува проодност на горните дишни патишта.
Без адитиви и конзерванси. Не предизвикува навикнување.
Кога и како да се користи Aqua Maris® Strong спреј за нос?
Aqua Maris® Strong дејствува како природен деконгестив (го одзатнува носот). Поради високата концентрација на соли, хипертоничниот раствор го „извлекува„ вишокот течност од слузницата на носот по принцип на осмотски градиент со што се намалува отокот и се олеснува дишењето преку нос.
Се препорачува на лица со затнат нос и отежнато дишење при:
- алергии,
- настинки и
- грип.
Може да се користити самостојно или во комбинација со стандардна терапија.
Aqua Maris® Strong дозираниот спреј за нос распрснете го 1-2 пати во секоја носница неколку пати на ден, а по потреба и повеќе. Користете го додека трае назалната конгестија, а потоа за одржување на хигиената на носот, продолжете со Aqua Maris® Classic спреј за нос (изотонична морска вода).
Бидејќи Aqua Maris® Strong спрејот за нос ја поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системско дејство, соодветен е за возрасни и деца постари од 3 години.
Aqua Maris® Strong поради својата природност и нежност е добро решение за затнат нос во текот на бременоста со оглед на тоа дека бремените жени не би смееле да користат лекови за настинка кои содржат несоодветни состојки за бремени и доилки.
Пред првото користење отстранете го заштитното капаче и притиснете ја пумпицата 2- 3 пати за да се ослободи воздухот.
Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.
Намена
Нормалното дишење зависи од состојбата на носната слузница. Настинка, алергија, грип, оперативни зафати на носот и низа други состојби предизвикуваат зголемена секреција и оток на носната слузница. Во такви ситуации проодноста на носот е намалена, а со тоа е оневозможено правилно дишење (низ нос) што претставува проблем како за децата така и за возрасните.