Состав
Изотонична морска вода која ги измива бактериите, вирусите и нечистотиите од носот со што се овозможува проодност на горните дишни патишта.
Намена
Нормалното дишење зависи од состојбата на слузницата на носот. Насобирање на честички прашина, алергени, бактерии и вируси на носната слузница ја оневозможува нејзината природна функција. Настинките, алергиите, грипот и низа други состојби предизвикуваат зголемена секреција, оток на слузницата на носот и насобирање на секрет во носот, што дополнително го отежнува дишењето. Морската вода поради содржината на минерални соли има благотворно дејство на слузницата на дишните патишта.
Кога и како да се користи Aqua Магiѕ© Clean спрејот за нос?
Aqua Maris® Clean co посебно обликуван апликатор го испира секретот, честичките прашина, бактериите, вирусите и алергените од носот. Се препорачува на лица кои страдаат од алергии и настинки, како и на лица изложени на честички прашина и останати нечистотии.
Aqua Maris® Clean ce распрскува во секоја носница 1-2 пати дневно, неколку пати на ден (2-6 пати), според потребите и повеќе.
По употреба, да се измие апликаторот и да се исуши.
Поради својата нежност погоден е за секојдневна употреба како помош во одржување на проодноста на носот.
Бидејќи u Aqua Maris® Clean ja поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системски дејства, погоден е за употреба кај за деца, трудници и доилки.
Поради хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.