Алкакапс Shark Oil масло од црн дроб од ајкула

(0 оценки и коментари)

478 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Имуностимулатор

Категорија:
Ознака:
Бренд:Alkacaps, Alkaloid
Сподели:

Нема на залиха

Истражувањата во изминатите 80 години покажале дека алкилглицеролите се проверен имуно-модулатор во случаи на намален имунитет и подложност на инфекции, одлична превенција од малигнитети, ефикасна дополнителна анти-канцер терапија, како и моќен прочистувач на тешки метали.

Имунолошкиот систем е составен од мноштво клетки, секоја со специфична функција во организмот. Функционирајќи како една целина, тие дејствуваат како висококвалификувани војници, кои ја бранат својата територија од каков било непријателски агенс (вируси, бактерии, па дури и сопствени клетки кои мутирале и генетски се промениле, а претставуваат основа за појава на малигнитети-тумори).

Најдобриот начин да се поддржи имунолошкиот систем, природно и ефикасно, е употребата на т.н. алкилглицероли, кои за првпат се изолирани од маслото на црн дроб од ајкула.

АЛКАКАПС Shark Oil меките желатински капсули ги содржат токму алкилглицеролите, кои го стимулираат имунолошкиот одговор. Овие чудесни високоактивни природни материи се всушност, присутни и во човековиот организам, т.е. во коскената срцевина и мајчиното млеко. Со векови, биле користени во форма на масло од црн дроб на ајкула од страна на скандинавските рибари како лек за зараснување рани и при настинки и грип.

Поради нивната хемиска структура, која е многу слична на клеточните мембрани, алкилглицеролите се способни да се вградат во самите мембрани, штитејќи ги на тој начин клетките од штетното дејство на радијацијата.

Алкилглицеролите ја подобруваат и крвната слика, односно ја стимулираат продукцијата на црвени и бели крвни клетки со директно влијание на коскената срцевина.

АЛКАКАПС Shark Oil меките желатински капсули содржат 500mg масло од црн дроб на ајкула во една капсула, со минимум 20% алкилглицероли.

Препорачаната дневна доза на овој производ е, во зависност од состојбата, три пати на ден по 1-2 капсули.

Претставуваат додаток во исхраната, кој може да се зема во аптека без лекарски рецепт. Пакување:

60 меки желатински капсули.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Алкакапс Shark Oil масло од црн дроб од ајкула”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *