Менопаузата (климактериумот) е период од животот на секоја жена после изостанувањето на менструалното крварење, проследено со низа промени, пред сè, на хормонална основа.
Во тој период, организмот на жената престанува да лачи женски полови хормони – естрогени и прогестерон, поради што жената се соочува со низа физички промени (топли бранови, палпитации, ноќно потење, несоница, инфекции на урогениталниот систем) и емотивни промени (промена во расположението, намалена концентрација, анксиозност, депресија, иритабилност, претерана возбуда).
Овие симптоми вообичаено траат 3-5 години и се јавуваат кај 75% од женската популација во менопауза.
Токму поради тоа, постојат 2 алтернативи за ублажување на овие симптоми:
● хормон-заместителна терапија, која поради сè повеќе несакани ефекти се избегнува;
● фитоестроген-заместителна терапија, односно употреба на фитоестрогени, која сè почесто се применува.
Фитоестрогените се растителни компоненти со изофлавоноидна структура. По својот состав, тие се многу слични на естрогените хормони и токму поради тоа компетитивно се врзуваат за естрогените рецептори, покажувајќи слаба естрогена активност. Најпознати се genistein и daidzein, состојки кои најмногу ги има во сојата (Glycine max).
Се смета дека 100г соја содржи дури до 300mg изофлавони, а дневната потреба од изофлавони кај жена по постменопауза изнесува 40-45mg.
АЛКАКАПС Menopaus relieve меките желатински капсули содржат 30mg чисти изофлавони, што е доволно за превентирање на постменопаузалните симптоми.
● Состав
Претставуваат меки желатински капсули, додаток во исхраната.
Една капсула содржи 75mg растителен комплекс на изофлавони, 40% (што одговара на 30mg чисти изофлавони).
Препорачан дневен внес е 1-2 капсули, т.е. 30-60mg.
● Се препорачува
За превентивен третман на симптоми на постменопауза: топли бранови, интензивно потење, нарушување на сонот, замор, главоболка, нарушување на концентрацијата.
● Начин на употреба
По 1-2 капсули во текот на денот.
Да не се употребува за време на бременост и доење.
Да не се употребува подолго од 6 месеци, без претходна консултација со доктор.
Пакување:
30 меки желатински капсули
Овој производ нема коментари.