АЛКАКАПС Garlic обезбедува ефикасна природна заштита на срцето и крвните садови, незаменлив е во снижувањето на покаченото ниво на масти во крвта и на крвниот притисок, има силно антибактериско својство и го подобрува имунитетот.
Во борбата со сè поприсутните болести на срцето и крвните садови (артеросклероза, зголемен крвен притисок), најзначајната улога во природната заштита на овие органи ја има токму лукот.
Пред сè, незаменлив е во снижувањето на покаченото ниво на масти во крвта (вкупен холестерол, ЛДЛ и триглицериди), потоа е корисен во борбата против артеросклерозата (го спречува задебелувањето на ѕидовите на крвните садови и ја инхибира агрегацијата на тромбоцитите) и го намалува благо покачениот крвен притисок.
Бидејќи е познат и како природен антибиотик, лукот е мошне ефикасен и во справувањето со најразлични инфективни причинители, заради високата концентрација на сулфурни компоненти. Докажано е дека сокот од свежо исцеден лук, разблажен дури и до 1:25 000, може да го запре растот на бактериите Staphylococcus, Echerichia coli, Proteus i Pseudomonas.
Освен што има антисептично својство, лукот е докажано ефикасен и во подобрувањето на имунитетот.
Освен како свеж, лукот може да се конзумира и во облик на меки желатински капсули.
Предноста на конзумирањето на лукот токму во облик на меки желатински капсули е во тоа што тие се раствораат дури во цревата и при нивна употреба не предизвикуваат непријатен мирис и не создаваат киселини во желудникот.
АЛКАКАПС Garlic меките желатински капсули содржат 270mg маслен екстракт од лук во една капсула. Препорачаната дневна доза на овој производ е, во зависност од целта, 3 пати по една до 3 пати по 2 капсули во текот на денот, пред оброкот.
Претставуваат додаток во исхраната, кој може да се земе во аптека без лекарски рецепт. Пакувањето содржи 30 меки желатински капсули.
● Состав
Претставуваат меки желатински капсули, додаток во исхраната.
Една капсула содржи 270mg маслен екстракт од лук (alii sativi bulbus maceratio oleosa).
Препорачан дневен внес е 3-10 капсули, т.е. 810-2700mg маслен екстракт од лук.
● Се препорачува
При артериска оклузивна болест, заради инхибиција на агрегација на тромбоцитите.
При хиперлипидемија – бидејќи ги намалува ЛДЛ, холестеролот и триглицеридите.
При блага до умерена хипертензија, бидејќи го намалува систолниот крвен притисок.
При состојби на намален имунитет, инфекции.
● Начин на употреба
3-10 капсули во текот на денот, во поделени дози, пред оброкот.
Препаратот се зема како цела капсула и се пие со малку течност.
Пакување:
30 меки желатински капсули
Овој производ нема коментари.