JT Entero Laxavet – Шишенце од 55 ml

1,335 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Се препорачува да се користи орално, директно во устата на животното додадено во храната или водата. Може да се користи при хронична или повремена констипација, при слаб внес на диететски влакна, гестациска констипација, старосна констипација, астрингентни диети или индицирани лекови. Исто така може да се користи како превенција на топки од влакна кај мачките.

Се користи и пред оперативни зафати како и радиографски снимања за да се осигура празнењето на цревата.

СОСТАВ

Секое пакување со течност содржи: Plantago ovata (семе, кутикула) 33 мг, Enterococcus faecium 2.x108 UFC/г, рафинирано минерално масло 54.5 мл, екстроза 45.83 мг.

КАРАКТЕРИСТИКИ

Plantago ovata

Има одлична способност за задржување на течности, зголемувајќи го волуменот на фекалната маса давајќи и соодветна конзистентност за регулирање на интестиналната проодност. Создава заштитен слој кој ја покрива целата внатрешност на дигестивниот тракт, делувајќи смирувачки и антиинфламаторно на дигестивната мукоза.

Минерално масло

Делува како лаксатив кога се администрира орално. Неговото дејство се базира на лубрикантниот ефект кој го олеснува отстранувањето на фецесот.

Не се ресорбира во дигестивниот тракт, поминува низ него и се елиминира целосно, во непроменета форма преку фецесот.

Enterococcus Faecium

Помага во стабилизирање на интестиналната флора.

Пробиотиците се храна која содржи одредени микроорганизми во одредена количина кои можат да ја менуваат интестиналната флора. Истите имаат бенефицијални ефекти врз целокупното здравје на животното. Акутната дијареа во тек се намалува во интензитет и времетраење. Се користат и превентивно од дијареични заболувања при третман со антибиотици.

Антибиотискиот третман ја менува интестиналната флора и може да овозможи растење на бројот на несаканите бактерии. Enterococcus Faecium во овие ситуации го ацидифира медиумот за производство на млечна киселина. Млечната киселина го инхибира растот на потенцијално патогените бактерии и го поттикнува растот на добрите млечни бактерии.

ДОЗИРАЊЕ И АДМИНИСТРАЦИЈА

Орално.

Кучиња и мачки. Кучиња: 1 мл по кг дневно. Мачки: 1 мл по кг дневно.. 1мл = 16 капки.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со шишенце од 55 мл со шприц за дозирање.

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.