Грижата за забите е еден од најзанемарените здравствени проблеми со кои се занимаваат сопствениците на домашни миленици.
Како и кај луѓето, бактериите од забниот плак постојано се формираат во устата на сите мачки и кучиња. Плакот може да се таложи на забите, непцата и јазикот, што доведува до лош здив, заболување на непцата (крварење), дентален плак и забен камен.
Ако не се преземе ништо ова може да предизвика неподнослива болка и најлошо од сè предвремено губење на забите. Откако плакот ќе се калцифицира во забен камен, повеќе не може да се измие со четка за заби. Во многу случаи мора да се отстрани од страна на ветеринар со помош на ултразвук и анестезија.
Ако таложењето забен камен не се лекува, може да резултира со лош здив, заболување на непцата, расипани заби и предвремено губење на забите. Забен камен кој е дозволено да остане предолго може да предизвика и инфекции кои можат да се шират низ телото и да го оштетат срцето, белите дробови, црниот дроб и негативно да влијаат врз функциите на бубрезите.
ProDen PlaqueOff® прашокот е патентиран стоматолошки производ за мачки, којшто може да помогне во намалување на лошиот здив наслагите и забниот камен. Овој целосно природен производ е направен од специјално избрани норвешки алги (D1070).
Бидејќи мачките имаат поспецифичен вкус, во составот на овој производ е додаден пивски квасец којшто мачките особено го сакаат.
Пред пуштање на производот во продажба е направен тест за прифатливост во “ Laboratories Le Centre de Sourches” Франција. Резултатот покажа 100% одобрување.
ProDen PlaqueOff® прашокот доаѓа во гранулирана форма која лесно се додава во храната секој ден. Активна состојка е специјално избраната алга, Ascophyllum nodosum, којашто расте на брегот на северниот дел од Атлантикот.
PlaqueOff Cat прашокот не содржи:
- пигменти;
- адитиви;
- вештачки конзерванси;
- глутен;
- шеќер.
ProDen PlaqueOff® Cat прашокот е достапен во пакување од 40 грама.
PRODEN PLAQUEOFF® ПРАШОКОТ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ ЕДНАШ ДНЕВНО И МОЖЕ ДА СЕ ДОДАВА ВО ВЛАЖНА ИЛИ СУВА ХРАНА. ЕДНАШ ДНЕВНО ПОСИПЕТЕ ГО ПРОИЗВОДОТ ВРЗ ВЛАЖНА ИЛИ СУВА ХРАНА И ПРОМЕШАЈТЕ. ЗАПОЧНЕТЕ СО ПОМАЛИ ДОЗИ ЗА ВАШАТА МАЧКА ПОЛЕСНО СЕ НАВИКНЕ НА ВКУСОТ. КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБЕНО ЗА ДА ЗАБЕЛЕЖИТЕ ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ ВРЗ ЗАБИТЕ И ЛОШИОТ ЗДИВ. МОЖЕ ДА Е РАЗЛИЧНО ЗА СЕКОЕ МИЛЕНИЧЕ. ДОКОЛКУ САКАНИОТ ЕФЕКТ НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ПО 2 МЕСЕЦА, МОЖЕТЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ДОЗАТА. ОТКАКО ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ ЕФЕКТ ВРАТЕТЕ СЕ НА ПРЕПОРАЧАНАТА ДОЗА.
Овој производ нема коментари.