Како и кај луѓето, бактериите од забниот плак постојано се формираат во устата на сите мачки и кучиња. Плакот може да се таложи на забите, непцата и јазикот, што доведува до лош здив, заболување на непцата (крварење), дентален плак и забен камен.
Ако не се преземе ништо ова може да предизвика неподнослива болка и најлошо од сè предвремено губење на забите. Откако плакот ќе се калцифицира во забен камен, повеќе не може да се измие со четка за заби. Во многу случаи мора да се отстрани од страна на ветеринар со помош на ултразвук и анестезија.
Ако таложењето забен камен не се лекува, може да резултира со лош здив, заболување на непцата, расипани заби и предвремено губење на забите. Забен камен кој е дозволено да остане предолго може да предизвика и инфекции кои можат да се шират низ телото и да го оштетат срцето, белите дробови, црниот дроб и негативно да влијаат врз функциите на бубрезите.
ProDen PlaqueOff® прашокот е стоматолошки производ за миленици, којшто може да помогне во намалување на наслагите и забниот камен. Овој целосно природен производ е направен од специјално избрани норвешки алги (D1070). ProDen PlaqueOff® прашокот има корисно влијание врз оралната хигиена, го намалува лошиот здив до 63% по 12 недели и го намалува плакот до 35% по првите 8 недели од користење.
ProDen PlaqueOff® прашокот доаѓа во гранулирана форма која лесно се додава во храната секој ден. Активна состојка е специјално избраната алга, Ascophyllum nodosum, којашто расте на брегот на северниот дел од Атлантикот. Богата е со природен јод и содржи важни витамини и минерали.
PlaqueOff Dog прашокот не содржи:
- пигменти;
- адитиви;
- вештачки конзерванси;
- глутен;
- шеќер.
ProDen PlaqueOff® прашокот е достапен во пакување од 60 грама.
ProDen PlaqueOff® прашокот е природен, лесен и ефикасен начин за обезбедување добра орална и забна хигиена кај кучињата.
PRODEN PLAQUEOFF® ПРАШОКОТ ПОСЕДУВА ПЕЧАТ ЗА ОДОБРЕНИЕ ОД ВЕТЕРИНАРНИОТ СОВЕТ ЗА ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ (VOHC®).
Упатство за дозирање:
Мачки и кучиња <10 кг: 1 дозерка*
Кучиња 10-25 кг: 1-2 дозерки*
Кучиња > 25 кг: 2-3 дозерки*
* Дозерката е вклучена во кутијата.
* 1 пакување во просек се користи 5 месеци.
PRODEN PLAQUEOFF® ПРАШОКОТ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ ЕДНАШ ДНЕВНО И МОЖЕ ДА СЕ ДОДАВА ВО ВЛАЖНА ИЛИ СУВА ХРАНА. ЕДНАШ ДНЕВНО ПОСИПЕТЕ ГО ПРОИЗВОДОТ ВРЗ ВЛАЖНА ИЛИ СУВА ХРАНА И ПРОМЕШАЈТЕ. КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБЕНО ЗА ДА ЗАБЕЛЕЖИТЕ ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ ВРЗ ЗАБИТЕ И ЛОШИОТ ЗДИВ. МОЖЕ ДА Е РАЗЛИЧНО ЗА СЕКОЕ МИЛЕНИЧЕ. ДОКОЛКУ САКАНИОТ ЕФЕКТ НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ПО 2 МЕСЕЦА, МОЖЕТЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ДОЗАТА. ОТКАКО ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ ЕФЕКТ ВРАТЕТЕ СЕ НА ПРЕПОРАЧАНАТА ДОЗА.
Овој производ нема коментари.