Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
Комбинацијата на минерални УВА/УВБ филтри и Cellular Bioprotection™ патент ја штитат кожата од штетното УВ зрачење моментално и долготрајно. Патентот Cellular Bioprotection™ ја активира природната одбрана на кожата, ги штити клетките и се бори против предвремено стареење на кожата.
100% минерална формула, со технологија ”Течна текстура во форма на прав” * во 3 едноставни чекори:
1) По нанесувањето, одредени состојки испаруваат, формирајќи лесна текстура.
2) Специјалната технологија постигнува рамномерна дистрибуција на пигменти и филтри на кожата, како и рамномерен тен.
3) Навлажнувачките состојки продираат подлабоко во епидермисот оставајќи мат изглед на површината на кожата.
Матирање на кожата и отстранување на несовршеностите на лицето:
1) пудри за матирање
2) салицилната киселина ја изедначува површината на кожата и го стимулира нејзиниот сјај.
Долготрајно отстранување на несовршеностите на кожата: Патентот Fluidactiv™ во комбинација со каприлоил глицин ја регулира количината и составот на себум и спречува повторна појава на акните.
За секојдневна употреба
ЧЕКОР 1
Протресете добро пред употреба.
ЧЕКОР 2
Користете откако ќе ја нанесете хидратантната нега на кожата. Нанесете рамномерно пред изложување на сонце (нанесувањето мала и недоволна количината на производ го намалува нивото на заштита).
ЧЕКОР 3
Аплицирајте често, пред и по пливање, триење или спортски активности.
Не сите типови на кожа реагираат на ист начин на сончево зрачење затоа што секој поединец има своја фотосензитивност, карактеризирана со својот фототип. Комбинираната до мрсна кожа се карактеризира со прекумерно производство на себум или во Т-зоната (комбинирана кожа) или на целото лице (мрсна кожа), што може да биде придружено со појава на неправилности.
Тестирано под дерматолошки надзор
Го изедначува тенот
Создава ефект на совршена кожа: 89%
Ефект против мрсен сјај
Значителен мат ефект за време од 8ч
Ги намалува несовршеностите
По 21 ден се намалуваат несовршеностите
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
Cellular bioprotection™ патент
За да се заштити од клеточно оштетување поврзано со изложување на сонце, кожата се потпира на природни заштитни механизми кои понекогаш може да бидат недоволни. Овој патентиран комплекс го зајакнува природниот одбранбен систем на клетките на кожата за да ја зголеми нивната отпорност на негативните ефекти на сончевото зрачење. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Fluidactiv™ патент
Промените во флуидноста на себумот можат да бидат одговорни за појава на неправилности на кожата. Овој патентиран комплекс се бори против згуснувањето и оксидирањето на себумот, со цел да не се запушат порите и да се минимизира ризикот од појава на акни. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Овој производ нема коментари.