Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
Со соодветните УВА/УВБ филтри, Photoderm MAX обезбедува најдобра заштита од УВ зраци (изгореници од сонце, алергии на сонце, итн.) во комбинација со внатрешна биолошка заштита: патентот Cellular Bioprotection™ . Овој патент ги активира природните одбранбени механизми, ги штити клетките и спречува предвремено стареење на кожата. Кремаста, текстура која брзо се апсорбира, безбојна по нанесувањето, не остава мрсен слој, без бели траги.
УПОТРЕБА:
Неколку пати на ден при изложеност на сонце
ЧЕКОР 1
Нанесете рамномерно пред изложување на сонце (нанесувањето мала и недоволна количината на производ го намалува нивото на заштита).
ЧЕКОР 2
Аплицирајте често, пред и по пливање, триење или спортски активности.
Нанесете на здрава кожа. Бојата на производот се должи на комбинацијата на филтри. Избегнувајте контакт со ткаенини. Деца постари од 12 месеци. Не изложувајте на сонце бебиња и мали деца. Прекумерна изложеност на сонце може да го оштети здравјето.
Не сите типови на кожа реагираат на ист начин на сончево зрачење затоа што секој поединец има своја фотосензитивност, карактеризирана со својот фототип.
Безбоен по нанесувањето Завршницата на кожата е безбојна: 95%
Не остава бели траги Производот не остава бели траги: 100%
Многу водоотпорен
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
Cellular bioprotection™ патент
За да се заштити од клеточно оштетување поврзано со изложување на сонце, кожата се потпира на природни заштитни механизми кои понекогаш може да бидат недоволни. Овој патентиран комплекс го зајакнува природниот одбранбен систем на клетките на кожата за да ја зголеми нивната отпорност на негативните ефекти на сончевото зрачење. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.






Овој производ нема коментари.