Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.
ИНОВАЦИЈА ЗА КОМБИНИРАНА ДО МРСНА КОЖА: Комплетен производ за заштита од сонце кој овозможува кожата да дише без да предизвика нови неправилности: ФОРМУЛА ПРЕКУ КОЈА КОЖАТА ДИШЕ
Вистинско достигнување во однос на формулацијата, Photoderm COVER Touch SPF 50+ ги содржи само најважните работи:
1- Заштитува од УВБ и УВА зраците и видливата светлина со 100% минерални сончеви филтри, збогатени со CELLULAR Bioprotection™ патент кој ги зајакнува природните одбранбни капацитети на кожата.
2- Ја разубавува кожата: го коригира, изедначува тенот и совршено ги покрива дамките благодарение на високата концентрација на минерални пигменти. Оваа голема покриеност исто така спречува појава на нови темни дамки што можат да бидат предизвикани од видливата светлина.
3- Специјално формулирана за комбинираната до мрсна кожа, обезбедувајќи мат ефект до 8 часа, благодарение на Fluidactiv™ спречува појава на неправилности. Резултат: Кожата може да дише додека истовремено е заштитена и изедначена. Порите не се запушени дамките се намалени, ден за ден.
За секојдневна употреба, по нанесувањето на вашата хидратантна нега на кожата
ЧЕКОР 1
За беспрекорен тен со мат финиш, без создавање ефект на маска, распределете го производот на кожата почнувајки од центарот на лицето кон нанадвор.
ЧЕКОР 2
Можете да користите четка за шминка за да го усовршите изгледот на лицето.
ЧЕКОР 3
Нанесете рамномерно на лицето и вратот пред изложување на сонце (нанесувањето мала и недоволна количината на производ го намалува нивото на заштита).
ЧЕКОР 4
Аплицирајте често, пред и по пливање, триење или спортски активности.
Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:
Cellular bioprotection™ патент
За да се заштити од клеточно оштетување поврзано со изложување на сонце, кожата се потпира на природни заштитни механизми кои понекогаш може да бидат недоволни. Овој патентиран комплекс го зајакнува природниот одбранбен систем на клетките на кожата за да ја зголеми нивната отпорност на негативните ефекти на сончевото зрачење. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Fluidactiv™ патент
Промените во флуидноста на себумот можат да бидат одговорни за појава на неправилности на кожата. Овој патентиран комплекс се бори против згуснувањето и оксидирањето на себумот, со цел да не се запушат порите и да се минимизира ризикот од појава на акни. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.
Овој производ нема коментари.