BIODERMA Photoderm AKN Mat SPF30 40ml

1,139 ден

Availability: На залиха

Висока заштита и ефикасност против неправилности.

-Гарантира многу висока УВА/УВБ заштита
-Го подобрува квалитетот на себум и спречува појава на неправилности (патент Fluidactiv™ )
-Овозможува долготраен мат ефект
-Ја активира природната одбрана на кожата и штити од ризик од клеточно оштетување
-Без мрсен ефект, без бели траги – Безбоен по нанесувањето
Одлична подносливост – Некомедогено – Отпорно на вода

SKU: 528
Availability: На залиха
Сподели:
Brand:

Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно. Иновацијата на BIODERMA, ексклузивниот патент Fluidactiv™ присутен во Photoderm AKN Mat биолошки го регулира квалитетот на себумот, спречува запушување на порите и превенира појава на неправилности кои се влошуваат по изложувањето на сонце (повратен ефект). Покрај површинската, надворешна заштита од УВА/УВБ (систем на филтрирање), Photoderm AKN Mat обезбедува и вистинска внатреклеточна биолошка заштита: Cellular Bioprotection™. Овој патент го штити и стимулира одбранбениот систем на кожата при изложување на сонце.

Употреба:

Неколку пати на ден при изложување на сонце

ЧЕКОР 1
Нанесете рамномерно на лицето и вратот пред изложување на сонце (нанесувањето мала и недоволна количината на производ го намалува нивото на заштита).
ЧЕКОР 2
Аплицирајте често, пред и по пливање, триење или спортски активности.
Нанесете на здрава кожа. Не ги изложувајте на сонце бебињата и малите деца. Прекумерна изложеност на сонце може да го оштети здравјето.

Комбинираната до мрсна кожа склона кон акни се карактеризира со прекумерно производство на себум. Клинички знаци се обично митисери, комедони, микро цисти и разни мозолчиња.

Резултати докажани со клинички студии

Матира
Намалување на количината на себум: -18.2% за 8 часа

Спречува појава на неправилности
Дерматолозите потврдија подобрување на целокупната состојба на акните во 74% од случаите (2)
Бројот на вкупни лезии е намален кај 77% од испитаниците (2)

Отпорно на вода
Photoderm AKN Mat SPF30 има просечна стапка на задржување > 50% по две капења од 20-минути

Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

Cellular bioprotection™ патент
За да се заштити од клеточно оштетување поврзано со изложување на сонце, кожата се потпира на природни заштитни механизми кои понекогаш може да бидат недоволни. Овој патентиран комплекс го зајакнува природниот одбранбен систем на клетките на кожата за да ја зголеми нивната отпорност на негативните ефекти на сончевото зрачење. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Fluidactiv™ патент
Промените во флуидноста на себумот можат да бидат одговорни за појава на неправилности на кожата. Овој патентиран комплекс се бори против згуснувањето и оксидирањето на себумот, со цел да не се запушат порите и да се минимизира ризикот од појава на акни. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

 

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “BIODERMA Photoderm AKN Mat SPF30 40ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *