СОСТАВ
10 g CANNABO Herp крем содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 200 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).
ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO HerpИ ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
CANNABO Herp содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
CANNABO Herp не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol), односно содржи во количина под 0,2%.
CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект.
CANNABO Herp е крем за примена при воспалителни промени на кожата во пределот на и околу усните и на лицето, предизвикани со вирусот Herpes simplex. CANNABO Herp е богата формулација со внимателно избрани состојки наменети за нега на чувствителната кожа, како екстракт од цвет од невен, екстракт од цвет од кантарион, цинк оксид и талк. Екстрактите од цветот на невен и од цветот на кантарион помагаат во ублажување на воспаленија на кожата и во заздравување на површинските рани. Цинк оксидот ја смирува иритираната кожа, а талкот помага во сушење на меурчињата и раничките на местото на херпесните промени.
Благодарение на богатата содржина на внимателно селектираните билни екстракти, CANNABO Herp кремот помага во ублажување на болката, печењето и чешањето. Со ова се обезбедува внимателна нега и заштита на чувствителната кожа со воспалителни промени предизвикани од Herpes simplex.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO Herp го забрзува заздравувањето и сушењето на меурчињата и раничките на кожата на местото на воспалението со Herpes simplex вирусот.
Пред употреба, кожата треба да се исчисти.
Се нанесува повеќе пати во текот на денот, до смирување на промените на кожата.
При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.
CANNABO Herp е наменет само за надворешна употреба.
ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO Herp не треба да се употребува при пречуствителност на која било состојка на кремот.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со туба со 10 g крем и Упатство за пациентот.
Овој производ нема коментари.