СОСТАВ
10 ml CANNABO балзам за усни содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 50 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).
ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO балзам за усни И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
CANNABO балзам за усни содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
CANNABO балзам за усни не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.
CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект.
CANNABO балзам за усни е наменет за нега на испукани усни, како резултат на студено време, сув воздух, изложеност на сонце и други штетни надворешни влијанија. Нежната кожа на усните е многу подложна на дехидрација. Усните треба редовно да се навлажнуваат, како во лето, така и во зима, за да се спречи сушење и напукнување на кожата на усните. CANNABO балзам за усни претставува комбинација од CBD, витамин Е и бадемово масло. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Бадемовото масло има противвоспалителни својства, ги неутрализира слободните радикали одговорни за стареење на кожата, го навлажнува епидермисот и подлабоките слоеви на кожата. Благодарение на активните состојки, CANNABO балзам за усни обезбедува хидратација, заштита и нега на чувствителната кожа на усните.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO балзам за усни се употребува неколку пати на ден во зависност од Вашите потреби.
CANNABO балзам за усни е наменет само за надворешна употреба.
ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO балзам за усни не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на балзамот за усни.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со туба со 10 ml балзам за усни и Упатство за пациентот.
Овој производ нема коментари.