Pulpe de Vie HYGIENE / FRESH KISS ПАСТА ЗА ЗАБИ ЗА ЗАШТИТА – 75 МЛ.

365 ден

Availability: Нема на залиха

Fresh Kiss е сертифицирана органска паста за заштита на забите, со природен вкус на нане и органски екстракт од грозје. Нежно ги прочистува забите и ги заштитува од забен камен, кариес и дентален плак, запазувајќи го балансот на устата.

Пред да почнеме да ви кажуваме што се содржи оваа паста, најпрво да ви кажеме што се не содржи.

Нашата природна и органска паста за заби е без флуорид, сулфати, титаниум диоксид, триклосан, алуминиум, ПЕГ, парабени и без пропилен гликол.

Зошто? Затоа што сите овие состојки се под сомнеж дека се штетни, па дури и опасни по нашето здравје, па ние едноставно решивме да ги изоставиме и замениме со природни алтернативи.

Дополнително, отсуството на флуорид ја прави оваа паста за заби погодна за употреба и за вашите деца.

Нашата формула е 99,5% природна, сертифицирана органска и контролирана од Ecocert и Cosmebio и, погодете уште што? Вашите заби ќе бидат чисти, бели и заштитени од плак и бактерии.

ЗАТОА, НИЕ ВО ОВАА ПАСТА УПОТРЕБИВМЕ:

  • Органско грозје, кое ги зајакнува забите и ги штити од појава на кариес, додека истовремено делува и како природна антибактериска состојка;
  • Цинк цитрат, познат по успорувањето на појавата на забниот камен, го зајакнува ефектот против денталниот плак и ги штити непцата;
  • Нане збогатено со ментол за ледено свеж здив, за слободно да можете да му дадете „Fresh Kiss“ на кого сакате!

АКО ЗАПАДНАВТЕ ПОД ШАРМОТ…

Добрата работа е што имаме три! Во нашата фамилија на пасти, откријте ги исто така и Bisou Givré, освежувачка паста за заби на база на органска јаболка и Minter Is Coming, паста за заби за белеење со органски лимон. Исто така добри „браќа“ во сите аспекти, но пред се со незаменливо добар состав и без контроверзни состојки!

Availability: Нема на залиха
Категорија:
Ознака:
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

Нанесете мала количина на четката за заби и четкајте во правецот на раст на забите (од горе кон долу за горните и од долу кон горе за долните заби) во времетраење од 3 минути. При четкањето гледајте да избегнувате да изговарате Supercalifragilisticexpialidocious (претпоставуваме дека веќе се обидовте да го изговорите). 🙂

Дополнителен совет: Затворајте ја славината додека ги четкате забите, штедете вода и употребувајте ја совесно!

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Pulpe de Vie HYGIENE / FRESH KISS ПАСТА ЗА ЗАБИ ЗА ЗАШТИТА – 75 МЛ.”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *