CANNABO Масло за масажа

(0 оценки и коментари)

826 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

РЕЛАКСИРА-ХИДРИРА-РЕГЕНЕРИРА

Природен ЦБД ја навлажнува и смирува кожата, ја забрзува регенерацијата и штити од надворешни штетни влијанија.

Масло од семе од коноп ја храни и обновува сувата испукана кожа.

Масло од лаванда релаксира и ја смирува иритираната кожа.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна и ја омекнува кожата.

Бадемово масло – има смирувачки ефект, го намалува црвенилото и го одложува процесот на стареење.

Availability: outofstock
Категорија:
Бренд:Cannabo
Сподели:

Нема на залиха

СОСТАВ
150 ml CANNABO масло за масажа содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува
150 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).

ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO масло за масажа И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
CANNABO масло за масажа содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
CANNABO масло за масажа не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.
CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект.
CANNABO масло за масажа се употребува за намалување на мускулните грчеви, мускулната напнатост или вкочанетост, како и за ублажување на воспалението и болката во мускулите и зглобовите, по напорен ден или различна физичка активност.
CANNABO масло за масажа е богатo масло и претставува иновативна комбинација од CBD, екстрат од масло од семе од коноп, масло од лаванда, витамин Е и бадемово масло.
Маслото од семе од коноп ја навлажнува, храни и смирува иритираната кожа, и го поттикнува обновувањето на испукана, иритирана и сува кожа. Маслото од лаванда има противвоспалителни својства, ја смирува иритираната кожа и помага при балансирање на бариерата на влажноста на кожата за да не биде премногу мрсна или сува. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Бадемовото масло има противвоспалителни својства, ги неутрализира слободните радикали одговорни за стареење на кожата, го навлажнува епидермисот и подлабоките слоеви на кожата.
Масажата со ова масло ја намалува мускулната напнатост, вкочанетост и мускулните грчеви. CBD со својот природен противвоспалителен ефект го ублажува воспалението и болката во мускулите и зглобовите. Исто така, CANNABO масло за масажа ја храни и негува кожата на телото, особено сувата кожа која бара интензивна нега.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
Се препорачува употреба навечер, со што се овозможува релаксирање на мускулатурата на телото. Истовремено, ја смирува, измазнува и ја негува кожата на телото.
Со лесна масажа нанесете го маслото на Вашето тело. По нанесувањето, маслото остава масен заштитен слој на кожата.
При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.
CANNABO масло за масажа е наменет само за надворешна употреба.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO масло за масажа не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка.

ПАКУВАЊЕ
Кутија со пластично шише со 150 ml масло за масажа и Упатство за пациентот.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “CANNABO Масло за масажа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.