Young Derm Млеко за тело за нормална до сува кожа 200ml

175 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Млекото за тело YOUNG DERM е наменето за интензивна нега, долготрајна хидртација и заштита на нормалната до сува кожа.

Овој производ содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи) и на активни материи кои брзо ја рехидратизираат кожата, ја балансираат нејзината влажност, па кожата по уптребата станува нежна, мека, со негуван изглед. Формулацијата е збогатена со екосертифициран екстракт од манго.

Екстрактот од манго има антиоксидативно дејство, ги неутрализира штетните слободни радикали во кожата. Дејствува на подобрување на микроциркулацијата на кожата, со што ја подобрува размената на хранливите материи во клетките на кожата и таа станува мазна, нежна и еластична.
Д-пантенолот брзо навлегува во кожата и ја подобрува нејзината хидратација. Има антиинфламторно дејство, па не дозволува појава на иритации, а, вооедно, ја подобрува физиолошката епителизација на кожата.
Алантоинот ја помага хидратацијата, со што кожата останува мека, нежна и свиленикава. Тој, воедно, заштитува од појава на иритации и ја подобрува природната регенерација на кожата.