Хидратантното млеко за тело Sattwa содржи активни состојки од природно потекло кои брзо ја надоместуваат потребната влажност на кожата и истовремено ја негуваат и ја потхрануваат. Особено се препорачува за секојдневна нега на сува и на чувствителна кожа.
РH-вредноста на млекото е блиска до pH-вредноста на здравата кожа, што, заедно со активните компоненти, дополнително помага во одржување на природниот баланс на кожата и во подобрувањето на нејзината заштитна функција.
- Бадемовото масло е природен извор на витамин Е и на есенцијални масни киселини, а претставува и моќен антиоксиданс којшто ја заштитува кожата од слободните радикали, предизвикани од надворешните негативни влијанија и од стресот. Бадемовото масло со своето емолиентно (омекнувачко) својство ја прави кожата нежна, мазна, мека и еластична. Има својство да создава заштитен филм на кожата и на тој начин ја јакне нејзината одбранбена функција, па нуди дополнителна заштита, особено кај чувствителната кожа.
- Бисабололот (изолирана активна компонента од камилицата) има антиинфламаторни својства (смирувачко дејство), па ја заштитува кожата од појава на иритации и на црвенило.
- Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата обезбедувајќи оптимална хидратација.
Овој производ нема коментари.