Sattwa Балсам против целулит

385 ден670 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Sattwa балсамот против целулит, во својата формулација ги содржи сите сознанија стекнати од науката, природата и технологијата.

Станува збор за висококвалитетна формулација која во себе содржи активни материи насочени директно кон отстранување на причините за појава на целулит: намалена циркулација и намален одлив на течности и маснотии.

Бренд:Alkaloid, Sattwa
Сподели:
Исчисти

Во производот се вградени следниве активни материи:

Екстракт од бршлен – во својот состав содржи сапонини и биофлавоноиди. Сапонините ја зголемуваат пропустливоста на клеточните ѕидови, а биофлавоноидите пак, ја подобруваат крвната циркулација и еластичноста на масното ткиво. На овој начин се зголемува приливот на хранливи материи и на кислород и одливот на непотребните, исталожени маснотии и течности.
Кофеин – во себе содржи пурински бази кои го зголемуваат исфрлањето маснотии и вода од организмот, а истовремено дејствуваат и на разградувањето на нерастворливиот тип маснотии во клетките.
Етил никотинат – ја подобрува циркулацијата со што се постигнува зголемување на дотурот на хранливи материи и на кислород во масното ткиво.
Овие активни материи се вградени во една немасна подлога која содржи висок процент на вода. На ваков начин, балсамот полесно се интегрира со ткивата и со клетките. Ваквата хидрофилна формулација, воедно, и не ја мрси облеката.

Со редовна и правилна употреба помага во спречување на појава на нови наслаги на критичните делови од телото а истовремено и во намалувањето на веќе натанатите наслаги од целулит.

Начин на употреба на Sattwa балсамот: балсамот се нанесува обично навечер, по туширање, со благо втривање во кожата.

Sattwa балсамот против целулит дејствува и кога телото мирува. Амбалажата е специјално приспособена на типот на препаратот и овозможува лесно дозирање. Едно е факт: целулитот не може да се отстрани само со регулирана исхрана и вежби, туку неопходна е и употреба на квалитетен козметички производ.

Sattwa балсамот против целулит во себе ги содржи сите карактеристики на висококвалитетен препарат кој дејствува директно и ефикасно при отстранување на целулитот.

Потврда за неговото дејствување е и благата топлина, печењето и црвенилото кои се јавуваат на кожата по втривањето на балсамот. Овие појави се нормални, а резултат се на интензивното дејствување на активните материи кои влегуваат во составот на овој производ.