Heaven7 Scarless крем против лузни

(0 оценки и коментари)

649 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Крем против лузни со 5 растителни екстракти 50 ml

ЕФИКАСЕН ЗА НОВИ И ЗА ПОСТОЕЧКИ ЛУЗНИ

Бенефити

го помага процесот на зацелување на лузните на кожата
најефикасен е доколку се започне со апликација веднаш по создавањето на лузните, но позитивно делува и при апликација на постари лузни

Availability: instock
Ознака:
Бренд:Heaven7
Сподели:

Содржи

Сув екстракт од кромид (Allium cepa), содржи флавоноиди со природни анти-воспалителни и анти-бактериски својства. Дополнително го омекнува ткивото на површината на лузните т.е. спречува прекумерно создавање на колаген, што резултира со намалување (измазнување) на лузните.
Ајдучка трева (Achilea millefolium), го забрзува заздравувањето на рани и исекотини.
Кантарион (Hypericum perforatum), има природно анти-воспалително дејство, особено е делотворен кај проблематична и чувствителна кожа. Кантарионот делува смирувачки на кожата и го забрзува заздравувањето на рани и други оштетувања на кожата.
Невен (Calendula officinalis ), има широка традиционална примена во препарати за нега на кожа, главно поради своите анти-воспалителни својства. Етеричното масло екстрахирано од цветовите на невенот, позитивно делува на сите типови на кожа, ги смирува површинските инфекции и ги активира процесите на заздравување на кожата.
Арника (Arnica Montana) го намалува лупењето и ја подобрува еластичноста на кожата, поради што е најделотворна против сува и оштетена кожа.

Употреба

Се нанесува на чиста и сува кожа со благо втривање неколку пати дневно.

За да се постигнат оптимални видливи резултати потребно е да се користи најмалку 3 месеци.

Бојата и мирисот потекнуваат од растителните екстракти. Може да ја обои облеката и кожата.

Без парабени, вештачки бои, парфеми

Состав

Aqua, Petrolatum, Propylene glycol, Allium Cepa Bulb Extract, Caprilic/Capric Trygliceride, PEG-20 Glyceryl Stearate, Cetyl Alcohol, Calendula Officinalis Flower Extract, Arnica Montana Flower Extract, Glyceryl Stearate, Achilea Millefolium Flower Extract, Hypericum Perforatum Flower Extract, Phenoxyethanol, Allantoin.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Heaven7 Scarless крем против лузни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.