СОСТАВ
150 ml CANNABO лосион за тело содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 150 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).
ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO лосион за тело И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
CANNABO лосион за тело содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
CANNABO лосион за тело не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%.
CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект.
CANNABO лосион за тело се употребува за намалување на мускулните грчеви, мускулната напнатост или вкочанетост, како и за ублажување на воспалението и болката во мускулите и зглобовите, по напорен ден или различна физичка активност.
CANNABO лосион за тело е богат лосион дизајниран лесно да се апсорбира. Претставува иновативна комбинација од CBD, екстракт од цвет од невен и арника, витамин Е, бадемово масло и пантенол. Екстрактот од цвет од невен го поттикнува заздравувањето и обновувањето на кожата, го намалува воспалението и спречува оштетување на ткивата. Екстрактот од цвет на арника го подобрува изгледот на сувата или оштетената кожа и ја возобновува еластичноста. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Бадемовото масло има противвоспалителни својства, ги неутрализира слободните радикали одговорни за стареење на кожата, го навлажнува епидермисот и подлабоките слоеви на кожата. Пантенолот има навлажнувачки и смирувачки ефект, го намалува црвенилото и делува противвоспалително. Со употребата на овој лосион се намалува мускулната напнатост, вкочанетост и мускулните грчеви. CBD со својот природен противвоспалителен ефект го ублажува воспалението и болката во мускулите и зглобовите. Исто така, CANNABO лосион за тело ја храни и негува кожата на телото, посебно сувата кожа која бара интензивна нега.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
Со лесна масажа нанесете го лосионот на Вашето тело, додека не се апсорбира целосно.
Може да се употребува и наутро и навечер, со што се овозможува релаксирање на мускулатурата на телото. Истовремено, ја смирува, измазнува и ја негува кожата на телото.
При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.
CANNABO лосион за тело е наменет само за надворешна употреба.
ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
CANNABO лосион за тело не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на лосионот за тело.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со туба со 150 ml лосион за тело и Упатство за пациентот
Овој производ нема коментари.