YOUNG DERM Крем за интензивна нега на масна и на проблематична кожа 50ml

125 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Екстрактот од камилица и бисабололот (активна компонента од маслото од камилица) имаат антиинфламаторно дејство врз кожата, т.е. го смируваат црвенилото и спречуваат појава на понатамошна иритација.
Витаминот В3 (ниацинамид) ја намалува можноста за создавање нови акни, а, воедно, ја подобрува хидратацијата и тонизацијата на кожата.
Екстрактот од манго дејствува астрингентно – ги стеснува порите на кожата и помага во смирување на акничните лезии. Исто така, има и антиоксидативно дејство – ги неутрализира штетните слободни радикали во кожата. Дејствува на подобрување на микроциркулацијата на кожата, со што ја подобрува размената на хранливите материи во клетките на кожата и таа станува мазна, нежна и еластична.
Идеалната комбинација на активните компоненти нуди долготрајна нега на кожата, а, воедно, ја регулира секрецијата на лојните жлезди, со што се намалува можноста за создавање акни и митесери.

Упатство за употреба: кремот се нанесува на целото лице, наутро и навечер, по темелно чистење на кожата со лосионот YOUNG DERM.

Кремот YOUNG DERM за интензивна нега на масна и на проблематична кожа содржи природни, екосертифицирани екстракти од манго и од камилица, како и витамин В3. Оваа комбинација овозможува долготрајна нега и длабински третман на кожата, со можност за редуцирање на појавата на акни.