YOUNG DERM Крем за длабински третман на акни со масло од чајно дрво 50ml

175 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Маслото од чајно дрво ги суши акните, го отстранува вишокот маснотија и дезинфицира. Маслото има моќно антибактериско дејство – ги убива штетните бактерии кои ги има на кожата, особено бактеријата Propionbacterium acnes, која е главен предизвикувач на создавањето акни. Со редовна употреба на кремот може да се редуцира создавањето на акните и појавата на лезии на кожата.
Екстрактот од камилица и бисабололот (активна компонента од маслото од камилица) имаат антиинфламатарно дејство врз кожата, т.е. го смируваат црвенилото и спречуваат појава на понатамошна иритација.
Екстрактот од манго дејствува астрингентно – ги стеснува порите на кожата и помага во смирување на акничните лезии. Воедно, има и антиоксидативно дејство – ги неутрализира штетните слободни радикали во кожата. Дејствува на подобрување на микроциркулацијата на кожата, со што ја подобрува размената на хранливите материи во клетките на кожата и таа станува мазна, нежна и еластична.
Оваа комбинација на активни компоненти истовремено овозможува длабински третман на акните и нега на кожата.

Упатство за употреба: кремот се нанесува на проблематичните делови, навечер, по темелно чистење на кожата со лосионот YOUNG DERM.

Бренд:Alkaloid, Young Derm
Сподели:

Нема на залиха

Кремот е наменет за длабински третман на акни, врз база на присуството на масло од чајно дрво. И овој производ е збогатен со природни, екосертифицирани екстракти од камилица и од манго.