True Alchemy ACTIVE SOLUTIONS “ACIDS” / ЕКСФОЛИРАЧКИ ПИЛИНГ ОД КИСЕЛИНИ – 100 МЛ.

1,055 ден

Availability: Нема на залиха

Концентриран и високоефикасен хемиски пилинг специјално наменет за лице. Тој содржи активен раствор од алфа хидроксилни киселини (AHA), кои овозможуваат кератолитичко дејство, ефикасно ексфолирајќи ги мртвите честички на епидермисот и овозможувајќи регенерација на кожата. Салицилната (BHA) и азелаичната киселина ја балансираат работата на лојните жлезди, го оптимизираат киселинско-базниот баланс на кожата, ги прочистуваат порите и спречуваат појава на акни.

Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на пилингот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките од истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на дејството на активните состојки и заштитува од надворешните фактори.

Алфа хидроксилните киселини (AHA) го ексфолираат кератинизираниот слој на епидермисот, ја стимулираат регенерацијата на кожата, како и синтезата на колагенот, еластинот и хиалуронската киселина. Имаат хидратантно ствојство, ја зголемуваат затегнатоста и еластичноста на кожата, го продолжуваат младешкиот изглед на кожата, ја осветлуваат и овозможуваат антиоксидантна заштита.

Бета хидроксилните киселини (BHA) ги раствораат мастите, што овозможува да се отворат порите и да се исчистат од вишокот на себум, кој често предизвикува бактериски инфекции и воспаленија кај проблематичните типови на кожа.

Азелаичната киселина спречува појава на акни и комедони, влијае на активноста на меланоцитите и го изедначува тенот на кожата, вклучувајќи ја и пигментацијата како резултат на флеки од акни.

Индикации (наменето за)Мрсна кожа, сува кожа, акни, флеки од акни, пигментација како резултат на флеки од акни.

Контраиндикации: Преосетливост на кожата, нетолеранција кон состојките на производот.

Пропратни ефекти: Како резултат на дејството на киселините на лицето, можна е привремена појава на црвенило.

25% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC

Availability: Нема на залиха
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

Пред употреба протресете го шишето сѐ до појавување на хомогена бела емулзија. Нанесете со помош на вата на целото лице и вратот или на проблематичните делови од лицето пред употреба на крема или серум. Избегнувајте го делот околу очите. Количината зависи од потребата. Не се препорачува почеста употреба од еднаш дневно, како и употреба по друг хемиски или механички пилинг.

Да се чува на суво и темно место, на температура од +5°C до +25°C.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “True Alchemy ACTIVE SOLUTIONS “ACIDS” / ЕКСФОЛИРАЧКИ ПИЛИНГ ОД КИСЕЛИНИ – 100 МЛ.”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *