The Doctor енергизирачкиот тонер за нега на лице со салицилна киселина и витамин В5 наменет за нега на проблематична кожа. Чисти, навлажнува и ја освежува кожата. Активните состојки кои ги содржи тонерот допринесуваат во регулирање на себумот и ги смируваат и елиминираат акните. Се употребува по пената за лице и има намена да ги отстрани остатоците од шминка, нечистотија и маснотии кои останале на лицето по чистењето на лицето со пена за лице. По тонерот, лицето е совршено чисто и тонирано и подготвено за нега со соодветен серум и крем за нега на лице од истата колекција.
Основни придобивки од The Doctor Тонерот за лице со салицилна киселина и витамин В5 се:
- Совршено чиста кожа подготвена за следни чекори за нега
- Подобрена текстурата на кожата
- Ја одржува кожата во одлична состојба и ги смирува кожните воспаленија,
- Спречува сушење на кожата и не предизвикува чувство на затегнатост и крутост
- Навлажнета и потхранета кожа.
Главните активни состојки – салицилна киселина и витамин В5 имаат моќно синергиско дејство и обезбедуваат комплексна нега на проблематичната кожа. Салицилната киселина ги намалува несовршеностите на кожата и ефикасно штити од појава на нови. Оваа активна состојка го регулира лачењето на себум, ја подобрува структурата на кожата и ја матира. Покрај тоа помага во смирување на кожните воспаленија и ја спречува појавата на нови и ја штити кожата од штетните надворешни влијанија. Главните придобивки на салицилната киселина се:
- Ги отпушува порите и го намалува ризикот од нивно запушување.
- Ги намалува воспаленијата и црвенилата поврзани со акните.
- Ги отстранува мртвите клетки од кожата, правејќи ја кожата поздрава и смирена.
Витаминот В5 ја навлажнува и смирува кожата и го потикнува нејзиниот природен процес на регенерација. Тој ја подобрува состојбата на кожата и ја прави поздрава и поеластична. Покрај тоа витаминот В5 активно го регулира лачењето на себум, обезбедувајќи рамнотежа помеѓу влагата и маснотиите на површината на кожата. Основните придобивки од витаминот В5 се:
- Задржување на влагата во кожата, правејќи ја кожата похидратирана и помека.
- Подобрување на еластичноста на кожата и намалување на брчките.
- Подобрување на тексурата на кожата.
Начин на употреба: Нанесете мало количество од тонерот на памучен тупфер и нанесете го на кожата на лицето со благи масажни движења. Избегнувајте контакт со кожата околу очите. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Тонерот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со салицилна киселина и витамин В5.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Propanediol, Niacinamide, Panthenol, Salicylic Acid, Polysorbate 20, Citric Acid, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Parfum.
Овој производ нема коментари.