The Doctor тонер за нега на лице со хијалуронска киселина наменет за нега на сите типови на кожа, особено за сува и дехидрина кожа. Чисти, навлажнува и ја освежува кожата. Активните состојки кои ги содржи тонерот допринесуваат во подобрување на хидратацијата, еластичноста и измазнувањето на лицето. Се употребува по пената за лице и има намена да ги отстрани остатоците од шминка, нечистотија и маснотии кои останале на лицето по чистењето на лицето со пена за лице. По тонерот, лицето е совршено чисто и тонирано и подготвено за нега со соодветен серум и крем за нега на лице од истата колекција.
Основни придобивки од The Doctor Тонерот за лице со хијалуронска киселина се:
- Совршено чиста кожа подготвена за следни чекори за нега
- Подобрена текстура на кожата
- Подобрена еластичност на кожата
- Подмладена и затегната кожа
- Без чувство на затегнатост и сувост
Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашето тело и во најголем процент ја има во нашата кожа. Сите ние сме родени со високо ниво на хијалуронска киселина, кое се намалува во текот на животот. Првите знаци на дехидратација и стареење на кожата започнуваат да се забележуваат околу 25 годишна возраст. Основната функција на хијалуронската киселина е да обезбеди хидратација, цврстина и еластичност на кожата. Покрај тоа, хијалуронската киселина потпомага за побрзо заздравување и регенерација на кожата. Хијалуронската киселина има моќ да ја врзува водата сама по себе и со тоа да ја одржува кожата „затегната“, хидрирана и млада со природен сјај. Главни придобивки од хијалуронската киселина се:
- Ја задржува влагата во кожата, обезбедува хидратација и помага против сушење и лупење на кожата.
- помага во борбата против брчките, правејќи ја кожата позатегната и поеластична.
- Ја подобрува состојбата на кожата, правејќи ја нежна и мазна.
- Го задржува колагенот во кожата
Начин на употреба: Нанесете мало количество од тонерот на памучен тупфер и нанесете го на кожата на лицето со благи масажни движења. Избегнувајте контакт со кожата околу очите. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Тонерот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со хијалуронска киселина.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Glycerin, Panthenol, Betaine, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Hydrolyzed Glycosaminoglycans, Sodium Hyaluronate, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Hyaluronic Acid, Propanediol, Polysorbate 20, Citric Acid, Benzyl Glycol, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Raspberry Ketone, Parfum.
Овој производ нема коментари.