The Doctor тонер за нега на лице со фитоколагени и пептиди наменет за нега на зрела кожа. Чисти, навлажнува и ја освежува кожата. Активните состојки кои ги содржи тонерот допринесуваат во подобрување на еластичноста и измазнувањето на лицето. Се употребува по пената за лице и има намена да ги отстрани остатоците од шминка, нечистотија и маснотии кои останале на лицето по чистењето на лицето со пена за лице. По тонерот, лицето е совршено чисто и тонирано и подготвено за нега со соодветен серум и крем за нега на лице од истата колекција.
Основни придобивки од The Doctor Тонерот за лице со фитоколаген и пептиди се:
- Совршено чиста кожа подготвена за следни чекори за нега
- Подобрена текстура на кожата
- Подобрена еластичност на кожата
- Подмладена и затегната кожа
Фитоколагенот во комбинација со комплексот пептиди се двете главни активни состојки кои се задолжени да ја вратат младоста на Вашата кожа. Фитоколагенот од багрем ја навлажнува кожата и создава нежен и потхранувачки заштитен филм на површината на кожата. Ова и помага на кожата да ја задржи влагата и ја прави поеластична и поцврста. Основните придобивки од фитоколагенот од багрем се:
- Задржување на влагата во кожата, правејќи ја кожата похидратирана и помека.
- Подобрување на еластичноста на кожата и намалување на брчките.
- Подобрување на тексурата на кожата.
Пептидите помагаат во измазнување на брчките на лицето и ја спречуваат појавата на нови. Покрај тоа, тие активно ја негуваат кожата, ја зголемуваат нејзината еластичност и ги стимулираат нејзините природни регенеративните процеси. Основните придобивки од пептидите се:
- Спречување на појава на брчки и други признаци на стареење.
- Регенерација и подмладување на кожата
- Потхранување и негување на кожата
Начин на употреба: Нанесете мало количество од тонерот на памучен тупфер и нанесете го на кожата на лицето со благи масажни движења. Избегнувајте контакт со кожата околу очите. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Тонерот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со фитоколаген и пептиди.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Glycerin, Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate, Acacia Seyal Gum Extract, Polysorbate 20, Citric Acid, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Potassium Sorbate, Parfum.
Овој производ нема коментари.