The Doctor Тонер за лице со бакучиол и церамиди за природна убавина и хидратација. Well-aging тонер за нега на лице за смирување на кожни иритации и црвенила. Ја чисти, навлажнува, освежува и тонизира кожата и помага за затварање на порите. Се употребува по употреба на пената за лице и има намена да ги отстрани остатоците од шминка, нечистотија и маснотии кои останале на лицето после чистење на лицето со пена за лице. По тонерот, лицето е совршено чисто и тонирано и подготвено за нега со соодветен серум и крем за нега на лице од истата колекција.
Придобивки од The Doctor Тонерот за лице со бакучиол и церамиди:
- Смирена, хидратирана и потхранета кожа;
- Подобрена еластичност на кожата.
Бакучиолот и церамидите се две активни природни компоненти, кои што на природен начин се борат против брчките. Бакучиолот е природна алтернатива на ретинолот која е побезбедна и помалку го иритира лицето и помага за намалување на брчките и подобрување на текстурата на кожата. Го стимулира производството на колаген и еластин, кои што ја одржуваат кожата позатегната и помлада. Идеално решение за кожа со јасни признаци на стареење. Главните придобивки од бакучиолот се:
- Спречување на предвременото стареење на кожата;
- Намалување на воспаленијата и црвенилото;
- Намалување на појавата на брчки и други признаци на стареење.
Церамидите се липидни молекули, кои што се составен дел од природната заштитна бариера на кожата. Го помагаат задржувањето на влага во кожата и ја заштитуваат од надворешни влијанија. Церамидите се идеални за сува и иритирана кожа, како и за одржување на младоста на кожата која што започнува да старее и е со послаба заштитна бариера. Главни придобивки од церамидите се:
- Зајакнување на бариерата на кожата, што допринесува за зголемување на нејзината еластичност;
- Задржување на влагата во кожата, со што таа е похидратирана и помека;
- Заштита на кожата од надворешни влијанија.
Начин на употреба: Нанесете мало количество од тонерот на памучен тупфер и нанесете го на кожата на лицето со благи масажни движења. Избегнувајте контакт со кожата околу очите. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Тонерот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со бакучиол и церамиди.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Propanediol, Bakuchiol, Ceramide NP, Ceramide AP, Ceramide EOP, Phytosphingosine, Cholesterol, Behenic Acid, Glycerin, Cetearyl Alcohol, Polyglyceryl-10 Stearate, Polyglyceryl-6 Behenate, Glyceryl Stearate, Sodium Cetearyl Sulfate, Polysorbate 20, Triethyl Citrate, Sodium Levulinate, Potassium Sorbate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Parfum.
Овој производ нема коментари.