The Doctor Серум за лице со ниацинамид и цинк за регулирање на себумот и изедначување на тенот. Серумот содржи висока концентрација на активни состојки и витамини, наменети да го засилат ефектот на кремот за лице. Серумот ја подобрува состојбата на комбинираната кожа и ја прави мека, здрава и негувана. Ја забрзува регенерацијата на кожата, ги смалува порите, го регулира лачењето на себум и ги смирува кожните воспаленија.
Основни придобивки од The Doctor Серумот за лице со ниацинамид и цинк се:
- регулирање на излачувањето на себум;
- смалување на порите и бришење на флеките;
- изедначување и освежување на тенот;
- зајакнување на заштитната бариера на кожата;
- смирување на воспаленијата и спречување на појава на нови акни и воспаленија.
Ниацинамидот и цинкот се одлична комбинација за борба против акните, намалување на црвенилата и иритациите и за заштита на кожата. Ниацинамидот, познат уште и како витамин B3, има моќно противвоспалителни дејство и помага за смирување на црвенилата и акните. Помага и за зајакнување на заштитната бариера на кожата, ја задржува влагата, ја подобрува текстурата на кожата и ги намалува кожните иритации. Ниацинамидот е ефикасен во борбата против акни, црвени траги и проширени пори и е идеално решение за комбинирана и масна кожа. Главни придобивки од ниацинамидот се:
- смирување на црвенилата и акните;
- задржување на влажноста на кожата, со што таа е похидратирана и помека;
- зајакнување на заштитната бариера на кожата од штетното дејство на UV зраците;
- подобрена текстура и изедначен тен на кожата.
Цинкот е природен минерал, познат по своето противвоспалителни и антисептично дејство. Цинкот помага во борбата со акните и кожните воспаленија, ги спречува инфекциите на кожата и спречува развој на нови „жаришта“. Освен тоа го регулира производството на себум, ги смалува воспаленијата и спречува појава на нови воспалителни процеси. Незаменлив е во грижата на проблематична и масна кожа со акни и воспаленија. Главни придобивки од цинкот се:
- ја забрзува регенерацијата на кожата, раните од акни и други кожни иритации;
- го регулира лачењето на себум.
- ги смирува кожните воспаленија и црвенила и спречува развој на нови воспалителни процеси на кожата.
Начин на употреба: Нанесете мало количество од серумот наутро и навечер на чиста кожа со нежни масажни движења. По серумот на лицето се продолжува со нанесување на крем за лице. За најдобри резултати Ви препорачуваме Серумот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со ниацинамид и цинк.
Пакување: 30 ml
INCI: Aqua, Niacinamide, Glycerin, Propanediol, Dicaprylyl Carbonate, Coco-Caprylate/Caprate, Glyceryl Stearate Citrate, Cetearyl Alcohol, Zinc Lactate, Squalane, Betaine, Macadamia Ternifolia Seed Oil, Hydrolyzed Jojoba Esters, Tocopherol, Beta-Sitosterol, Squalene, Glycine Soja Oil, Cellulose, Fructose, Glucose, Inulin, Cellulose Gum, Xanthan Gum, Sclerotium Gum, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Parfum.
Овој производ нема коментари.