-30%

The Doctor Серум за лице со хијалуронска киселина – 30 ml

(0 оценки и коментари)

420 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Хидратантен серум за нега на лице со 5 различни мултиактивни форми на хијалуронска киселина.

Серумот содржи висока концентрација на активни состојки и витамини, наменети да го засилат ефектот на кремот за лице.

Серумот ја подобрува состојбата на дехидрираната и сува кожа и ја прави хидратирана, здрава и негувана.

Ја спречува појавата на брчки и фини линии и ја навлажнува, регенерира и затегнува кожата.

The Doctor Серум за лице со хијалуронска киселина со моќно хидратантно дејство кој е наменета за нега на сите типови на кожа, а особено се препорачува за нега на дехидрирана и исклучително сува кожа. Серумот благодарение на моќното дејство на хијалуронската киселина помага во врзување на влагата во кожата, со што кожата на лицето е хидратирана, негувана и има здрав и сјаен изглед. Покрај тоа овој серум ги успорува процесите на стареење на кожата и го спречува формирањето на фини линии и бори, ја подобрува еластичноста и структурата на кожата и има подмладувачки ефект.

Основни придобивки од The Doctor Серумот за лице со хијалуронска киселина се:

  • Длабинска хидратација на кожата и елиминирање на чувството на затегнатост и сувост
  • Успорување на процесот на стареење и измазнување на брчките
  • Подобрување на еластичноста на кожата
  • Затегнување на кожата

Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашето тело и во најголем процент ја има во нашата кожа. Сите ние сме родени со високо ниво на хијалуронска киселина, кое се намалува во текот на животот. Првите знаци на дехидратација и стареење на кожата започнуваат да се забележуваат околу 25 годишна возраст. Основната функција на хијалуронската киселина е да  обезбеди хидратација, цврстина и еластичност на кожата. Покрај тоа, хијалуронската киселина потпомага за побрзо заздравување и регенерација на кожата. Хијалуронската киселина има моќ да ја врзува водата сама по себе и со тоа да ја одржува кожата „затегната“, хидрирана и млада со природен сјај.  Главни придобивки од хијалуронската киселина се:

  • Ја задржува влагата во кожата, обезбедува хидратација и помага против сушење и лупење на кожата.
  • помага во борбата против брчките, правејќи ја кожата позатегната и поеластична.
  • Ја подобрува состојбата на кожата, правејќи ја нежна и мазна.
  • Го задржува колагенот во кожата

Начин на употреба: Нанесете мало количество од серумот наутро и навечер на чиста и влажна* кожа со нежни масажни движења. По серумот на лицето се продолжува со нанесување на крем за лице. За најдобри резултати Ви препорачуваме Серумот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со хијалуронска киселина.

*Совет за убавина: За да може да се врзе и да ја хидратира Вашата кожа задолжително серумот со хијалуронска киселина се нанесува на влажна кожа! Во спротивно доколку го нанесете на сува кожа хијалуронската киселина ќе извлекува влага од подлабоките слоеви на кожата, наместо од надвор и ризикувате да предизвикате спротивен ефект и наместо похидратирана да имате уште посува кожа од кога било.

Пакување: 30 ml

INCI: Aqua, Glycerin, Dicaprylyl Carbonate, Propanediol, Coco-Caprylate/Caprate, Glyceryl Stearate Citrate, Cetearyl Alcohol, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Hydrolyzed Glycosaminoglycans, Sodium Hyaluronate, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Hyaluronic Acid, Betaine, Macadamia Ternifolia Seed Oil, Hydrolyzed Jojoba Esters, Squalane, Tocopherol, Beta-Sitosterol, Squalene, Glycine Soja Oil, Cellulose, Fructose, Glucose, Inulin, Cellulose Gum, Xanthan Gum, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Sclerotium Gum, Benzyl Alcohol, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Raspberry Ketone, Parfum.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “The Doctor Серум за лице со хијалуронска киселина – 30 ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.