-30%

The Doctor Серум за лице со бакучиол и церамиди 3 во 1 – 30 ml

Original price was: 600 ден.Current price is: 420 ден.

Availability: На залиха

Well-aging серум за лице со подмладувачко и навлажнувачко дејство.

Висока концентрација на активни состојки и витамини, наменет да го засили ефектот на кремот за лице.

За совршено мека, здрава и негувана кожа.

Смирувачки и хидратантен комплекс со церамиди и бакучиол за заштита на кожата од стареење.

The Doctor Тонер за лице со бакучиол и церамиди за природна убавина и хидратација. Well-aging серум за нега на лице за смирување на кожни иритации и црвенила. Серумот содржи висока концентрација на активни состојки и витамини, наменети да го засилат дејството на кремот за лице. Серумот ја прави кожата совршено мека, здрава и негувана. Содржи смирувачки и хидратантен комплекс од церамиди и бакучиол. Помага во одржување на младоста на кожата и го спречува нејзиното стареење.

Придобивки од The Doctor Серумот за лице со бакучиол и церамиди:

  • Смирена, хидратирана, потхранета и подмладена кожа;
  • Подобрена еластичност на кожата.
  • Затегната, тонизирана и зајакната кожа;
  • Подобрена еластичност, измазнети брчки и спречување на појава на нови;

 Бакучиолот и церамидите се две активни природни компоненти, кои што на природен начин се борат против брчките. Бакучиолот е природна алтернатива на ретинолот која е побезбедна и помалку го иритира лицето и помага за намалување на брчките и подобрување на текстурата на кожата. Го стимулира производството на колаген и еластин, кои што ја одржуваат кожата позатегната и помлада. Идеално решение за кожа со јасни признаци на стареење. Главните придобивки од бакучиолот се:

  • Спречување на предвременото стареење на кожата;
  • Намалување на воспаленијата и црвенилото;
  • Намалување на појавата на брчки и други признаци на стареење.

Церамидите се липидни молекули, кои што се составен дел од природната заштитна бариера на кожата. Го помагаат задржувањето на влага во кожата и ја заштитуваат од надворешни влијанија. Церамидите се идеални за сува и иритирана кожа, како и за одржување на младоста на кожата која што започнува да старее и е со послаба заштитна бариера. Главни придобивки од церамидите се:

  • Зајакнување на бариерата на кожата, што допринесува за зголемување на нејзината еластичност;
  • Задржување на влагата во кожата, со што таа е похидратирана и помека;
  • Заштита на кожата од надворешни влијанија.

Начин на употреба: Нанесете мало количество од серумот наутро и навечер на чиста кожа со нежни масажни движења. По серумот на лицето се продолжува со нанесување на крем за лице. За најдобри резултати Ви препорачуваме Серумот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со бакучиол и церамиди.

Пакување: 30 ml

INCI: Aqua, Gly- cerin, Dicaprylyl Carbonate, Coco-Caprylate/Caprate, Propanediol, Glyceryl Stearate Citrate, Cetearyl Alcohol, Hydrolyzed Jojoba Esters, Macadamia Ternifolia Seed Oil, Betaine, Bakuchiol, Squalane, Ceramide NP, Ceramide AP, Ceramide EOP, Phytosphingosine, Cholesterol, Behenic Acid, Polyglyceryl-10 Stearate, Polyglyceryl-6 Behenate, Glyceryl Stearate, Tocopherol, Beta-Sitosterol, Squalene, Glycine Soja Oil, Fructose, Glucose, Inulin, Cellulose, Sclerotium Gum, Sodium Cetearyl Sulfate, Xanthan Gum, Triethyl Citrate, Sodium Levulinate, Cellulose Gum, Potassium Sorbate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Parfum

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “The Doctor Серум за лице со бакучиол и церамиди 3 во 1 – 30 ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *