The Doctor Пена за миење лице со салицилна киселина и витамин В5 наменета за нега на проблематична кожа. На нежен начин темелно ја чисти кожата на лицето од сите нечистотии и шминка. Активните состојки кои ги содржи пената допринесуваат во регулирање на себумот и ги смируваат и елиминираат акните.
Основни придобивки од The Doctor Пената за лице со салицилна киселина и витамин В5 се:
- Чиста кожа подготвена за следни чекори за нега
- Подобрена текстурата на кожата
- Ја одржува кожата во одлична состојба и ги смирува кожните воспаленија,
- Спречува сушење на кожата и не предизвикува чувство на затегнатост и крутост
- Навлажнета и потхранета кожа.
Главните активни состојки – салицилна киселина и витамин В5 имаат моќно синергиско дејство и обезбедуваат комплексна нега на проблематичната кожа. Салицилната киселина ги намалува несовршеностите на кожата и ефикасно штити од појава на нови. Оваа активна состојка го регулира лачењето на себум, ја подобрува структурата на кожата и ја матира. Покрај тоа помага во смирување на кожните воспаленија и ја спречува појавата на нови и ја штити кожата од штетните надворешни влијанија. Главните придобивки на салицилната киселина се:
- Ги отпушува порите и го намалува ризикот од нивно запушување.
- Ги намалува воспаленијата и црвенилата поврзани со акните.
- Ги отстранува мртвите клетки од кожата, правејќи ја кожата поздрава и смирена.
Витаминот В5 ја навлажнува и смирува кожата и го потикнува нејзиниот природен процес на регенерација. Тој ја подобрува состојбата на кожата и ја прави поздрава и поеластична. Покрај тоа витаминот В5 активно го регулира лачењето на себум, обезбедувајќи рамнотежа помеѓу влагата и маснотиите на површината на кожата. Основните придобивки од витаминот В5 се:
- Задржување на влагата во кожата, правејќи ја кожата похидратирана и помека.
- Подобрување на еластичноста на кожата и намалување на брчките.
- Подобрување на тексурата на кожата.
Начин на употреба: Пената се нанесува на влажна кожа со благи масажни движења, по што темелно се плакне. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Пената за лице да ја употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со салицилна киселина и витамин В5.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Sodium Lauroyl Sarcosinate, Coco-Glucoside, Propanediol, Sodium Lauryl Glucose Carboxylate, Panthenol, Salicylic Acid, Betaine, Glyceryl Oleate, Lauryl Glucoside, Lactic Acid, Tocopherol, Polysorbate 20, Citric Acid, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Sodium Citrate, Sodium Benzoate, Sorbic Acid, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Parfum.
Овој производ нема коментари.