The Doctor Пена за миење лице со ниацинамид и цинк за регулирање на себумот и изедначување на тенот. На нежен начин темелно ја чисти кожата на лицето од вишокот себум, нечистотии и шминка. Ја хидратира и смирува кожата.
Основни придобивки од The Doctor Пената за миење лице со ниацинамид и цинк се:
- регулирање на излачувањето на себум;
- смалување на порите и бришење на флеките;
- изедначување и освежување на тенот.
Ниацинамидот и цинкот се одлична комбинација за борба против акните, намалување на црвенилата и иритациите и за заштита на кожата. Ниацинамидот, познат уште и како витамин B3, има моќно противвоспалителни дејство и помага за смирување на црвенилата и акните. Помага и за зајакнување на заштитната бариера на кожата, ја задржува влагата, ја подобрува текстурата на кожата и ги намалува кожните иритации. Ниацинамидот е ефикасен во борбата против акни, црвени траги и проширени пори и е идеално решение за комбинирана и масна кожа. Главни придобивки од ниацинамидот се:
- смирување на црвенилата и акните;
- задржување на влажноста на кожата, со што таа е похидратирана и помека;
- зајакнување на заштитната бариера на кожата од штетното дејство на UV зраците;
- подобрена текстура и изедначен тен на кожата.
Цинкот е природен минерал, познат по своето противвоспалителни и антисептично дејство. Цинкот помага во борбата со акните и кожните воспаленија, ги спречува инфекциите на кожата и спречува развој на нови „жаришта“. Освен тоа го регулира производството на себум, ги смалува воспаленијата и спречува појава на нови воспалителни процеси. Незаменлив е во грижата на проблематична и масна кожа со акни и воспаленија. Главни придобивки од цинкот се:
- ја забрзува регенерацијата на кожата, раните од акни и други кожни иритации;
- го регулира лачењето на себум.
- ги смирува кожните воспаленија и црвенила и спречува развој на нови воспалителни процеси на кожата.
Начин на употреба: Пената се нанесува на влажна кожа со благи масажни движења, по што темелно се плакне. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Пената за лице да ја употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со ниацинамид и цинк.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Sodium Lauroyl Sarcosinate, Glycerin, Coco-Glucoside, Sodium Lauryl Glucose Carboxylate, Niacinamide, Zinc Lactate, Maltooligosyl Glucoside, Hydrogenated Starch Hydrolysate, Glyceryl Oleate, Lauryl Glucoside, Lactic Acid, Tocopherol, Polysorbate 20, Citric Acid, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Sodium Citrate, Sodium Benzoate, Sorbic Acid, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Parfum.
Овој производ нема коментари.