The Doctor Пена за миење лице со хијалуронска киселина наменета за нега на сите типови на кожа, особено за сува и дехидрина кожа. На нежен начин темелно ја чисти кожата на лицето од сите нечистотии и шминка. 5-тте различни мултиактивни форми на хијалуронска киселина допринесуваат во подобрување на хидратацијата, еластичноста и измазнувањето на лицето.
Основни придобивки од The Doctor Пената за лице со хијалуронска киселина се:
- Совршено чиста кожа подготвена за следни чекори за нега
- Подобрена текстура на кожата
- Подобрена еластичност на кожата
- Подмладена и затегната кожа
- Без чувство на затегнатост и сувост
Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашето тело и во најголем процент ја има во нашата кожа. Сите ние сме родени со високо ниво на хијалуронска киселина, кое се намалува во текот на животот. Првите знаци на дехидратација и стареење на кожата започнуваат да се забележуваат околу 25 годишна возраст. Основната функција на хијалуронската киселина е да обезбеди хидратација, цврстина и еластичност на кожата. Покрај тоа, хијалуронската киселина потпомага за побрзо заздравување и регенерација на кожата. Хијалуронската киселина има моќ да ја врзува водата сама по себе и со тоа да ја одржува кожата „затегната“, хидрирана и млада со природен сјај. Главни придобивки од хијалуронската киселина се:
- Ја задржува влагата во кожата, обезбедува хидратација и помага против сушење и лупење на кожата.
- помага во борбата против брчките, правејќи ја кожата позатегната и поеластична.
- Ја подобрува состојбата на кожата, правејќи ја нежна и мазна.
- Го задржува колагенот во кожата
Начин на употреба: Пената се нанесува на влажна кожа со благи масажни движења, по што темелно се плакне. По чистењето на лицето се продолжува со следните чекори за нега на кожа на лицето. За најдобри резултати Ви препорачуваме Пената за лице да ја употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со хијалуронска киселина.
Пакување: 150 ml
INCI: Aqua, Glycerin, Sodium Lauroyl Sarcosinate, Coco-Glucoside, Sodium Lauryl Glucose Carboxylate, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Hydrolyzed Glycosaminoglycans, Sodium Hyaluronate, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Hyaluronic Acid, Betaine, Propanediol, Tocopherol, Glyceryl Oleate, Lauryl Glucoside, Lactic Acid, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Citric Acid, Sodium Citrate, Benzyl Glycol, Ethylhexylglycerin, Sodium Benzoate, Sorbic Acid, Raspberry Ketone, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Parfum.
Овој производ нема коментари.