The Doctor Крем за лице со ниацинамид и цинк за регулирање на себумот и изедначување на тенот. Уникатна 3 во 1 формула – дневен, ноќен и крем за околу очи. Кремот ја подобрува состојбата на комбинираната кожа и ја прави мека, здрава и негувана. Ја забрзува регенерацијата на кожата, ги смалува порите, го регулира лачењето на себум и ги смирува кожните воспаленија.
Основни придобивки од The Doctor Кремот за лице со ниацинамид и цинк се:
- регулирање на излачувањето на себум;
- смалување на порите и бришење на флеките;
- изедначување и освежување на тенот;
- зајакнување на заштитната бариера на кожата;
- смирување на воспаленијата и спречување на појава на нови акни и воспаленија.
Ниацинамидот и цинкот се одлична комбинација за борба против акните, намалување на црвенилата и иритациите и за заштита на кожата. Ниацинамидот, познат уште и како витамин B3, има моќно противвоспалителни дејство и помага за смирување на црвенилата и акните. Помага и за зајакнување на заштитната бариера на кожата, ја задржува влагата, ја подобрува текстурата на кожата и ги намалува кожните иритации. Ниацинамидот е ефикасен во борбата против акни, црвени траги и проширени пори и е идеално решение за комбинирана и масна кожа. Главни придобивки од ниацинамидот се:
- смирување на црвенилата и акните;
- задржување на влажноста на кожата, со што таа е похидратирана и помека;
- зајакнување на заштитната бариера на кожата од штетното дејство на UV зраците;
- подобрена текстура и изедначен тен на кожата.
Цинкот е природен минерал, познат по своето противвоспалителнo и антисептично дејство. Цинкот помага во борбата со акните и кожните воспаленија, ги спречува инфекциите на кожата и спречува развој на нови „жаришта“. Освен тоа го регулира производството на себум, ги смалува воспаленијата и спречува појава на нови воспалителни процеси. Незаменлив е во грижата на проблематична и масна кожа со акни и воспаленија. Главни придобивки од цинкот се:
- ја забрзува регенерацијата на кожата, раните од акни и други кожни иритации;
- го регулира лачењето на себум.
- ги смирува кожните воспаленија и црвенила и спречува развој на нови воспалителни процеси на кожата.
Начин на употреба: Мало количество од кремот се нанесува наутро и навечер на чиста кожа со нежни масажни движења на лицето и околу очите. За најдобри резултати Ви препорачуваме Кремот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со ниацинамид и цинк.
Пакување: 40 ml
INCI: Aqua, Ethylhexyl Stearate, Dicaprylyl Carbonate, Glycerin, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Glyceryl Stearate, Macadamia Ternifolia Seed Oil, Butyrospermum Parkii Butter, Orbignya Oleifera Seed Oil, Cetearyl Alcohol, Squalane, Niacinamide, Hydrolyzed Jojoba Esters, Zinc Lactate, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Tocopherol, PEG-8, Undecane, Tridecane, Citric Acid, Sodium Polyacrylate, Sodium Stearoyl Glutamate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Sodium Hydroxide, Parfum.
Овој производ нема коментари.