The Doctor Крем за лице со хијалуронска киселина со моќно хидратантно дејство која е наменета за нега на сите типови на кожа, а особено се препорачува за нега на дехидрирана и исклучително сува кожа. Уникатна 3 во 1 формула – дневен, ноќен и крем за околу очи. Кремот благодарение на моќното дејство на хијалуронската киселина помага во врзување на влагата во кожата, со што кожата на лицето е хидратирана, негувана и има здрав и сјаен изглед. Покрај тоа оваа крема ги успорува процесите на стареење на кожата и го спречува формирањето на фини линии и бори, ја подобрува еластичноста и структурата на кожата и има подмладувачки ефект.
Основни придобивки од The Doctor Кремот за лице со хијалуронска киселина се:
- Длабинска хидратација на кожата и елиминирање на чувството на затегнатост и сувост
- Успорување на процесот на стареење и измазнување на брчките
- Подобрување на еластичноста на кожата
- Затегнување на кожата
Хијалуронската киселина природно се наоѓа во нашето тело и во најголем процент ја има во нашата кожа. Сите ние сме родени со високо ниво на хијалуронска киселина, кое се намалува во текот на животот. Првите знаци на дехидратација и стареење на кожата започнуваат да се забележуваат околу 25 годишна возраст. Основната функција на хијалуронската киселина е да обезбеди хидратација, цврстина и еластичност на кожата. Покрај тоа, хијалуронската киселина потпомага за побрзо заздравување и регенерација на кожата. Хијалуронската киселина има моќ да ја врзува водата сама по себе и со тоа да ја одржува кожата „затегната“, хидрирана и млада со природен сјај. Главни придобивки од хијалуронската киселина се:
- Ја задржува влагата во кожата, обезбедува хидратација и помага против сушење и лупење на кожата.
- помага во борбата против брчките, правејќи ја кожата позатегната и поеластична.
- Ја подобрува состојбата на кожата, правејќи ја нежна и мазна.
- Го задржува колагенот во кожата
Начин на употреба: Мало количество од кремот се нанесува наутро и навечер на чиста кожа со нежни масажни движења на лицето и околу очите. За најдобри резултати Ви препорачуваме Кремот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со хијалуронска киселиниа.
Пакување: 40 ml
INCI: Aqua, Ethyl- hexyl Stearate, Dicaprylyl Carbonate, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Glycerin, Glyceryl Stearate, Persea Gratissima Oil, Butyrospermum Parkii Butter, Squalane, Orbignya Oleifera Seed Oil, Cetearyl Alcohol, Hydrolyzed Jojoba Esters, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Propanediol, Hydrolyzed Glyco- saminoglycans, Sodium Hyaluronate, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Hyaluronic Acid, Undecane, Tridecane, Sodium Polyacrylate, Disodium EDTA, Lactic Acid, Piroctone Olamine, PEG-8, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Citric Acid, Tocopherol, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Benzyl Glycol, Raspberry Ketone, Parfum.
Овој производ нема коментари.