The Doctor Крем за лице со фитоколаген од багрем и пептиди со моќно anti-age дејство која ги задоволува сите потреби за нега на зрелата кожа. Уникатна 3 во 1 формула – дневен, ноќен и крем за околу очи. Кремот благодарение на моќното дејство на фитоколагенот и пептидите помага во одржување на млада и здрава кожа. Моќното дуо во овој крем ги успорува процесите на стареење на кожата и го спречува формирањето на фини линии и брчки, ја подобрува еластичноста и структурата на кожата и има моќен подмладувачки ефект.
Основни придобивки од The Doctor Кремот за лице со фитоколаген и пептиди се:
- Кожа со подобрена еластичност, измазнета, затегната и потхранета
- Измазнети брчки и спречување на формирање на нови брчки
Фитоколагенот во комбинација со комплексот пептиди се двете главни активни состојки кои се задолжени да ја вратат младоста на Вашата кожа. Фитоколагенот од багрем ја навлажнува кожата и создава нежен и потхранувачки заштитен филм на површината на кожата. Ова и помага на кожата да ја задржи влагата и ја прави поеластична и поцврста. Основните придобивки од фитоколагенот од багрем се:
- Задржување на влагата во кожата, правејќи ја кожата похидратирана и помека.
- Подобрување на еластичноста на кожата и намалување на брчките.
- Подобрување на тексурата на кожата.
Пептидите помагаат во измазнување на брчките на лицето и ја спречуваат појавата на нови. Покрај тоа, тие активно ја негуваат кожата, ја зголемуваат нејзината еластичност и ги стимулираат нејзините природни регенеративните процеси. Основните придобивки од пептидите се:
- Спречување на појава на брчки и други признаци на стареење.
- Регенерација и подмладување на кожата
- Потхранување и негување на кожата
Начин на употреба: Мало количество од кремот се нанесува наутро и навечер на чиста кожа со нежни масажни движења на лицето и околу очите. За најдобри резултати Ви препорачуваме Кремот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со фитоколаген и пептиди.
Пакување: 40 ml
INCI: Aqua, Ethyl- hexyl Stearate, Dicaprylyl Carbonate, Glycerin, Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate, Glyceryl Stearate, Macadamia Ternifolia Seed Oil, Butyrospermum Parkii Butter, Squalane, Orbignya Oleifera Seed Oil, Cetearyl Alcohol, Hydrolyzed Jojoba Esters, Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate, Acacia Seyal Gum Extract, Undecane, Tridecane, Tocopherol, Sodium Polyacrylate, PEG-8, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Citric Acid, Lactic Acid, Piroctone Olamine, Potassium Sorbate, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Parfum.
Овој производ нема коментари.