Идеално употребувајте навечер, не почесто од еднаш дневно. По чистење, намокрете вата со формулата и поминете низ целото лице. Избегнувајте ги усните, околуочната регија и контакт со очите. НЕ исплакнувајте. Искомбинирајте со вашиот омилен бустер и/или масло од SkinDivision.
SkinDivision PERFECTING / ТОНИК ЗА ЛИЦЕ СО ”PHA” и ”BHA” КИСЕЛИНИ – 150 МЛ.
1,530 ден
Следната генерација на површински хемиски пилинзи.
Ефективно продорен, но сепак доволно нежен за секојдневна употреба, овој тоник без алкохол во составот нежно ги отстранува мртвите клетки преку хемиска ексфолијација. Формулиран со неиритирачки глуконолактон (ПХА) – следната генерација на површински хемиски пилинзи – кој ја прави својата магија бавно, што е одлично за сите типови на кожа, дури и сензитивна. Формулата нежно ексфолира, измазнува мртви клетки и груба текстура, истовремено поттикнувајќи обнова на клетките и оставајќи светол, сјаен финиш на кожата. 0,5% салицилна киселина (БХА) работи на контрола на вишокот масла и помага во чистењето на порите, па брзо дава поизедначен тен. Формулата исто така содржи алантоин кој помага да се намалат иритациите поврзани со употребата на киселини; провитамин Б5 кој помага во заздравувањето и пироглутаминска киселина за подобрување на хидратацијата.
ШТО Е ОВОЈ ПРОИЗВОД?
Нежен секојдневен ексфолирачки тонер за лице.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
ГЛУКОНОЛАКТОН (5%): Се смета за следна генерација на АХА киселини. Станува збор за не-иритирачка, антиоксидантна полихидрокси (ПХА) киселина која е погодна за сите типови на кожа, дури и сензитивна.
САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА (0,5%): Делува со разлабавување и одделување на десмозомите (приврзани помеѓу клетките во горниот дел од кожата). Ова дејство поттикнува ексфолијација на кожата и отпушување на порите.
ВОДА ОД РИМСКА КАМИЛИЦА: смирувачка, прочистувачка и адстрингентна, ги затегнува порите и совршено се адаптира на кожа склона на акни.
НИАЦИНАМИД (ВИТАМИН Б3): Овој прекрасно разновиден Б витамин носи многу површински придобивки за подобрување на изгледот на кожата, правејќи ја поизедначена, посветла и помлада.
ПРОВИТАМИН Б5: Пантенолот е есенцијална состојка за убава кожа. Има природни хидрирачки, смирувачки, заздравувачки и регенерирачки својства.
– не содржи алкохол
– не содржи вештачки мириси
– вегански
– не содржи парабени
– Cruelty free
– Погоден за сите типови на кожа
– Хипоалерген
– Дерматолошки тестиран
– Не-иритирачки
Нема на залиха
Овој производ нема коментари.