SkinDivision BERRY GLOW / СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ СО 12% ”AHA” и 1% ”BHA” КИСЕЛИНИ – МЛ.

1,850 ден

Availability: Нема на залиха

Дневна доза сјај.

Наполнете ја вашата кожа со природен сјај со овој ексфолирачки третман со високи перформанси, направен со 12% потентни АХА овошни киселини кои ги ескфолираат клетките мртва кожа за поеизедначен, сјаен тон и видливо намалени фини линии и брчки, откривајќи забележително помазен и помладешки изглед. Серумот исто така содржи 0,5% чиста салицилна киселина (БХА) и 5% екстракт од кора од врба кој ја снабдува формулата со додатни 0,5% БХА (салицилна киселина). БХА исто така ја ексфолира кожата со дополнителна функција во борбата со несовршеностите и чистење на запушените пори. Оваа комбинација од 12% АХА + 1% БХА киселина, нуди длабинска ексфолијација која помага во борбата со видливи несовршености и подобрен сјај на кожата. Оваа формула содржи пантенол (Провитамин Б5) кој помага во намалување на иритациите поврзани со употреба на киселини, заедно со одличните надополнувачки и хидрирачки состојки како хиалуронска киселина, пироглутаминска киселина (Sodium PCA) и бетаин. Овој повеќе-функционален третман ги намалува знаците на стареење, изгледот на зголемени пори и сува кожа и го подобрува тонот, откривајќи посветла и кожа со поздрав изглед. Овој серум има оптимален опсег од 3.4-3.7 pH вредност. Секогаш нанесете широкоспектарна заштитна крема со најмалку 30СПФ секој ден и ограничете го изложувањето на сонце додека го користите овој производ и неколку недели потоа.

ШТО Е ОВОЈ ПРОИЗВОД?
Секојдневен ексфолирачки серум со 12% АХА и 1% БХА.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

12% АХА ОВОШНИ КИСЕЛИНИ: Природните овошни киселини (АХА), вклучувајќи млечна, гликолна и јаболкова киселина од брусница, лимон, јаболко и портокал ексфолираат на тој начин што нежно ги разврзуваат клетките во горниот слој од кожата, активирајќи обнова. Екстрактите од шеќерен јавор и шеќерна трска отстрануваат вишок и уморна кожа, чистејќи темелно, прочистувајќи ги запушените пори, минимизирајќи и обновувајќи ја создадената штета кај клетките од слободните радикали.
0,5% ЧИСТА САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА (БХА): БХА исто така ја ексфолира кожата со дополнителна функција во борбата со појавата на несовршености и запушени пори. Ова комбинирано решение нуди длабинска ексфолијација, помагајќи во борбата со видлива несовршености, подобрувајќи го сјајот на кожата.
5% ЕКСТРАКТ ОД КОРА ОД ВРБА БХА: Кората од врба е богата со салицилна киселина (БХА) која природно ја ексфолира кожата и ги чисти порите, давајќи почист и поздрав изглед. 5% екстракт од кора од врба ја надополнува формулата до додатни 0,5% БХА (салицилна киселина). Резултатот е помазна, помека кожа.
ПРОВИТАМИН Б5: Пантенолот е есенцијална состојка за убава кожа. Помага во намалувањето на иритации поврзани со употребата на киселина, има природни хидрирачки, смирувачки, заздравувачки и регенерирачки својства.
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА: Обезбедува долготрајна хидратација, истовремено зголемувајќи го волуменот на клетките за да го олесни затегнувачкиот и исполнувачкиот ефект. Може да задржи 1000х повеќе вода од сопствената тежина – навистина импресивно!

–    Не содржи алкохол
–    Не содржи вештачки мириси
–    Вегански
–    Не содржи парабени
–    Cruelty-free
–    Дерматолошки тестиран

Availability: Нема на залиха
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

Нанесете 4-8 капки на ден, идеално навечер на чиста и тонирана кожа. Избегнувајте ги усните и деликатната околуочна регија. Масирајте како третман кој не се измива. Користете 3-5 ноќи неделно, постепено целејќи кон секојдневна употреба. Искомбинирајте со вашиот омилен бустер и/или масло од SkinDivision. Лесно пецкање и/или црвенило може да се појави при употреба.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “SkinDivision BERRY GLOW / СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ СО 12% ”AHA” и 1% ”BHA” КИСЕЛИНИ – МЛ.”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *