Со овие кремови од колекцијата SATTWA се постигнува интензивна ревитализација на возрасната кожа, преку активирање на сопствениот систем на матични клетки во кожата.
Самиот збор матични клетки означува клетки кои имаат можност самите да се реплицираат. Затоа, матичните клетки од јаболко претставуваат уникатна компонента, која ја поттикнува регенерацијата и подмладувањето на кожата, а со тоа и заштитата од предвременото стареење на матичните клетки на кожата на човекот.
Матичните клетки од јаболко се добиени од редок вид швајцарски јаболка. Овие клетки се карактеризираат со можност за брзо реплицирање и за обновување на повредените ткива.
Матичните клетки од јаболко, освен што го активираат созадавањето на матичните клетки во кожата, тие го продолжуваат нивниот животен век, ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес и ја регенерираат оштетената клеточна ДНК.
Комбинацијата на суровините и екстрактите, кои влегуваат во составот на овие два крема, се во согласност со најновите научни достигнувања од областа на козметиката против стареење (anti-age).
Комбинацијата на матичните клетки од јаболко со суровините во кремот за ноќна употреба ја хранат и ја ревитализираат кожата во текот на ноќта, овозможуваат подобар тонус и еластичност на кожата и го забавуваат процесот на нејзиното стареење.
Протеините од ориз формираат заштитен протеински филм кој и дава на кожата влага, мекост и виталност.
Витаминот Е ги неутрализира слободните радикали и го спречува нивното прекумерно создавање, со што се забавува процесот на стареење.
Маслиновото масло дејствува омекнувачки и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата.
Маслото од авокадо и Шеапутерот (Butyrospermum Parkii) ја хранат и штитат кожата, правејќи ја притоа нежна и мека.
Со редовна употреба на кремовите со матични клетки од јаболко и со маслиново масло SATTWA на кожата и се враќа младиот изглед и свежината.
За подобрена ревитализација, тонус и еластичност на кожата.
За забавување на процесот на созадавање брчки.
За стимулација на клеточната регенерација.
Производот е дерматолошки тестиран.
Овој производ нема коментари.