Sattwa крем за ден со матични клетки од јаболно и маслиново масло 55ml

(0 оценки и коментари)

597 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Кремовите со матични клетки од јаболко и со маслиново масло SATTWA се наменети за нега на кожата по 40-та година. Со овие кремови се постигнува интензивна ревитализација на возрасната кожа, преку активирање на сопствениот систем на матични клетки во кожата.

Availability: outofstock
Бренд:Alkaloid, Sattwa
Сподели:

Нема на залиха

Самиот збор матични клетки означува клетки кои имаат можност самите да се реплицираат. Затоа, матичните клетки од јаболко претставуваат уникатна компонента, која ја поттикнува регенерацијата и подмладувањето на кожата, а со тоа и заштитата од предвременото стареење на матичните клетки на кожата на човекот.

Матичните клетки од јаболко се добиени од редок вид швајцарски јаболка. Овие клетки се карактеризираат со можност за брзо реплицирање и за обновување на повредените ткива. Матичните клетки од јаболко, освен што го активираат созадавањето на матичните клетки во кожата, тие го продолжуваат нивниот животен век, ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес и ја регенерираат оштетената клеточна ДНK.

Комбинацијата на состојките, кои влегуваат во составот на овие два крема, се во согласност со најновите научни достигнувања од областа на козметиката против стареење (anti-age).

Идеалната комбинација на матичните клетки од јаболко со останатите состојки во кремот за дневна употреба придонесуваат за одржување на младиот и свеж изглед на кожата и по 40-та година.

Протеините од соја формираат заштитен протеински филм кој и дава на кожата влага, мекост и виталност.
Витаминот Е ги неутрализира слободните радикали и го спречува нивното прекумерно создавање, со што се забавува процесот на стареење.
УВ-филтрите штитат од штетното влијание на сончевите зраци (УВА- и УВБ-заштита).
Маслиновото масло дејствува омекнувачки и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата.
Маслото од авокадо и омега 6 особено ја негуваат и ја штитат кожата, правејќи ја притоа нежна и мека.
Со редовна употреба на кремовите со матични клетки од јаболко и со маслиново масло SATTWA на кожата ѝ се враќа младиот изглед и свежината.

За подобрена ревитализација, тонус и еластичност на кожата.
За забавување на процесот на создавање брчки.
За стимулација на клеточната регенерацијa.
Производот е дерматолошки тестиран.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Sattwa крем за ден со матични клетки од јаболно и маслиново масло 55ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.